Интервју на Кристина Ампева за Friedrich-Ebert-Stiftung (FES) – Dialogue Southeast Europe.

Friedrich-Ebert-Stiftung (FES): Кои се непосредните ефекти на пандемијата на Корона во македонскиот текстилен сектор?

KA: Ефектите од корона вирусот веќе ги гледаме, односно, се случуваат уште од денот кога беа најавени првите мерки на Владата со затварање на воспитно-образовните институции. Уште од наредниот ден започнаа притисоците врз работниците, особено оние опфатени со времени мерки кои беа ослободени од работни обврски(бремени жени, хронично болни , родители, претежно мајки на деца до 10 годишна возраст). Она што ќе се случува е уште полошо, ќе има уште повеќе откази бидејќи македонскиот текстилен сектор се заснова со над 90% на лон производство, странски нарачатели од европските земји кои се исто зафатени со слични мерки за изолација и каде сега на граѓаните им е најмалку до следење на мода. Моите сознанија од неформални разговори со мал дел од работодавачи со кои имаме контакт и некаква соработка, е дека допрва ќе се зголемува кризата, нарачките за следната сезона се откажани, а како што наведов, македонскиот текстил зависи од странските нарачки. Моментално фабриките го довршуваат она што им преостанало и голем дел и шијат маски и униформи, повторно за странство. Изминатиот период до нас се обраќаат вработени не само од текстилната индустрија, туку и од останатиот приватен сектор и секаде моменталната ситуација е таа – работодавачите се ослободуваат токму од оние кои се ослободени со времените мерки од Владата како нивна слаба карика за која би требало да платат минимална плата, а тие не се на работното место. Да не се генерализира, но мал дел од овие фирми и работодавачи ја сфаќа сериозно оваа ситуација и улогата која ја имаат кон оние вработени кои биле редовни и одговорни на своето работно место и не по своја вина се дома, туку поради сила која е поголема од било кој профит, сила која го сопре цел свет и големи компании.

И еве, дури и да има откази, тоа се причини кои не се предвидени во нашето законодавство, не била планирана пандемија, затоа треба да се најде начин како работниците да бидат заштитени во една ваква ситуација. Под заштитени мислам право на здравствено осигурување и право на некаков надоместок за да ги поминат овие кризни неколку месеци. Јас како активист сум запрепастена од некои работодавачи кои смислуваа некакви кршења на ред и дисциплина од страна на работник, фалсификувале потписи од вработени, даваа спогодбени откази, без притоа да помислат дека тие дотогашни нивни вработени со таков вид за откази, согласно нашите закони за социјална помош, надоместоци во случај на привремена невработеност, ќе немаат право на никаков надоместок , здравствена заштита или било каква државна помош поради причината на тие откази кои се ,,по вина на работник,,.

Во такви случаи , колку и да е нашата држава согласно Устав социјална, дури и во ваква ситуација нема до овој момент предвидено финансиска помош кога некоја од елементите не е запазена.

Vanja

Related Post