ДОСТА ПОЛИТИЧКИ ИГРИ И ЗЛОУПОТРЕБИ НА ГРБОТ НА ВРАБОТЕНИТЕ ОД ПРИВАТНИОТ СЕКТОР!

Почитувани вработени од приватниот сектор, а особено од секторот за производство на текстил.

Имаме сознанија дека од наредниот месец огромен број на компании остануваат без доволно работа. Јасно е дека периодов ќе биде уште потежок и не фер кон вас. Затоа внимавајте што потпишувате и редовно консултирајте се со трудов инспекторат, со здруженија на граѓани меѓу кои и Гласен Текстилец.

Во овој момент најдобро е работодавачите поради немање на доволно работа, деловни причини, да овозможат принуден одмор согласно член 112 од Законот за работни односи. Истото тоа треба да е платено 70%.

Но, повторно и апел од наша страна до пратениците во Собранието и до Владата, да си ја заработат својата плата и се сетат кои се нивните должности како власти и народни пратеници. Потребни се мерките од петтиот сет да се изгласаат и донесат што побрзо и да не се прават политички калкулации и непромислени дејствија кои одат на штета на македонскиот работник. Од март 2020 од како почна кризата, на народните пратеници и функционери не им е намалена платата, не се отпуштани од работа , не завршија во Агенцијата за вработување како невработени лица и земаа надомест од 7500 денари. Нека се стават на место на оние поради кои се седнати во тие фотелји и нека размислуваат дали работат за доброто или на штета на граѓаните а особено вработените од приватниот сектор.

Воедно и институциите да бидат поажурни и внимаваат на злоупотреби и не иплаќање на плата кон вработените. И сеуште чекаме разврска од злоупотребената државна помош од првите сетови на мерки, не сме заборавиле и нема да заборавиме!

Апел до работодавачите. Сетете се кој ги направи профитите, поради кои постојат фабриките и ценете ги оние кои работат за вас. Кризата ќе помине, но лошиот углед и нечовечно однесување ќе остане и се памти.

Blagojce

Related Post

1 Comment

  1. BEST FREE YouTube To MP3 Converter
    blog

    јуни 19, 2021

Leave A Comment

Name

Website

Comment