Завршен настан – Унапредување на правата на текстилните работнички од источниот регион.

На 22.03.2021 се одржа завршниот настан за проектот „Унапредување на правата на текстилните работнички од источниот регион“. На настанот беа презентирани реализираните активности, целите и постигнатите резултати од проектот којшто здружението Гласен Текстилец го имплементира од 1 февруари 2020 до 31 март 2021 година.

На завршниот настан свои излагања имаа претседателката на Гласен Текстилец, Кристина Ампева која зборуваше за родово – базираната дискриминација на работно место, за време на прогласена вонредна состојба, државниот советник од подрачната канцеларија на народниот правобранител во Штип, Весна Шалева Милева, која зборуваше за надлежностите на народниот правобранител, координаторката на Еднакви можности од Општина Штип, Сунчица Ѓуфтеска, која ги презентираше надлежностите и активностите и Методи Демјански од Државниот инспекторат за труд од подрачната единица во Штип којшто зборуваше за надлежностите и работата на ДИТ при родово – базираната дискриминација на пазарот на трудот.

#трудбездискриминација #DiskriminimiBënDëm #DiscriminationDoesntWork #DiskriminacijaNeRadi #стопзадискриминацијатаврзтекстилнитеработнички

Овој настан е дел од проектот на Гласен Текстилец – Штип, поддржан од Реактор – Истражување во акција, Мрежата на жени на Косово (Kosovo Women’s Network), и нивните партнери во проектот „Унапредување на работничките права на жените“. Овој проект е финансиран од Европската Унија и ко-финансиран од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (СИДА). Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Гласен Текстилец – Штип и не ги одразува ставовите на Европската Унија или СИДА.

Blagojche Dishoski

Finance Coordinator

Related Post