Работилница за Team building, дизајнирање на инфографици и алатки зa застапување и лобирање пред надлежните институции.

Во периодот од 26 до 28 март 2021 година, во Берово, се одржуваа работилници за team building, алатки за следење, како и за застапување и лобирање пред надлежните институции.

Работилниците беа наменети за вработените и ангажираните во здружението „Гласен Текстилец“. Преку овие работилници ги зајакнуваме нашите капацитети за застапување и лобирање пред надлежните институции, власти, министерства и политики кои ке допридонесат за подобрување на состојбата со работниците и нивните права.

Паралелно со работилниците наменети за тимот на Гласен Текстилец, се реализираа и работилници наменети за волонтерите на Гласен Текстилец. Имено, 13 волонтери, преку теорија и практични вежби ги совладуваа основните компоненти на графичкиот дизајн. Ова е особено важно бидејќи волонтерите ќе го користат понатаму за прикажување на работата на Гласен Текстилец, како и за постигнатите резултати.

Овие работилници се дел од проектот „Организирани граѓани за организирана иднина. Проектот е имплементиран од Гласен Текстилец, а со финансиска поддршка од Олоф Палме Центарот и Шведската Влада.

Blagojce

Related Post

Leave A Comment

Name

Website

Comment