Почитувани,
Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ од Штип,
со задоволство ги известува сите партнери, фондации, граѓански организации, амбасади, општествено одговорни компании, дека започнуваме да вршиме дејност – услуги, за шиење на промотивни материјали (торбички/бандани/маски), од различен текстилен материјал.
Промотивни материјали (торбички/бандани/маски) ги изработуваат текстилни работнички (членки и поддржувачки на здружението), кои се од социјално ранлива категорија (самохрани мајки, жени кои останале без работа во текот на оваа криза и слично).
За нас е важно да знаете дека „Гласен Текстилец” НЕ остварува приход при посредувањето за набавката и шиењето на промотивни материјали (торбички/бандани/маски), како и за печатењето со Вашиот дизајн.
Целата административна постапка се одвива преку „Гласен Текстилец”, всушност, Вие плаќате преку фактура којашто Ви ја издава „Гласен Текстилец”, а понатаму ние ги исплаќаме текстилните работнички коишто ја извршиле оваа услуга.
До сега сме соработувале со повеќе граѓански организации и фондации, меѓу кои, ХОПС, Фондација Фридрих Еберт – канцеларија Скопје, Факултет за работи што не се учат и други.
Ве повикуваме и охрабруваме, доколку имате потреба од ваков тип на промотивни материјали за остварување на Вашите цели и активности, да ни се обратите, а со тоа заедно да им помогнеме на текстилните работнички коишто имаат потреба од приходи, егзистенција, во време на ваква социо-економска криза предизвикана од глобалната пандемија со вирусот Ковид-19, која ја почувствуваа токму тие.
Овој повик е наменет за граѓански организации, фондации, институции, амбасади, општествено одговорни компании и сите правни и физички лица коишто имаат потреба од овој тип на промотивни материјали.
Ве очекуваме!
Контакти: glasentekstilec@gmail.com или 075 316 107
Дел од соработките, можете да ги погледнете во прилог на галеријата.
https://www.facebook.com/glasentekstilec
https://www.youtube.com/channel/UC7DxEXvQPwayn6m_yiYEDtA/featured