ИНФОГРАФИК #2 РОДОВО – БАЗИРАНА ДИСКРИМИНАЦИЈА НА РАБОТНОТО МЕСТО.

Во периодот од 1 декември 2020 до 31 март 2021 година, „Гласен Текстилец”, го изработи вториот инфографик во рамките на проектот „Унапредување на правата на текстилните работнички од источниот регион“, преку кој се прикажани бројчано пријавените случаи кои беа евидентирани, а се однесуваат на родово-базираната дискриминација на работното место, како најчест проблем со кои се соочуваат текстилните работнички во оваа здравствена и социо – економска криза.

Преку проектот „Унапредување на правата на текстилните работнички од источниот регион“ во периодот започнувајќи од март 2020 па се до март 2021 година, тимот на „Гласен Текстилец” даваше правна помош на текстилни работнички кои беа родово дискриминирани, креираше претставки и известувања до институциите, водеше кампањи против родово-базираната дискриминација.

#трудбездискриминација #СтопЗаДискриминацијатаВрзТекстилнитеРаботнички

Овoј инфографик е дел од проектот на Гласен Текстилец – Штип, поддржан од Реактор – Истражување во акција, Мрежата на жени на Косово (Kosovo Women’s Network), и нивните партнери во проектот „Унапредување на работничките права на жените“. Овој проект е финансиран од Европската Унија и ко-финансиран од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (СИДА). Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Гласен Текстилец – Штип и не ги одразува ставовите на Европската Унија или СИДА.
Blagojche Dishoski

Finance Coordinator

Related Post