Инфографик #1

„Гласен Текстилец“ во рамките на проектот “Одговор на социо – економските ефекти од КОВИД – 19 преку поддршка на ранливите групи на ниско платени работници, работници кои се дел од неформалната економија и привремено вработени работници”, изработи инфографик за периодот од 1 јули 2020 до 3 јуни 2021, преку кој е прикажана работата на институциите во време на Ковид-19.

Во рамките на проектот, правниот тим на „Гласен Текстилец” даваше правна помош на работниците/чките од приватниот (текстилниот сектор), на кои им беа прекршени правата од работен однос за време на здравствено – економската криза предизвикана од Ковид – 19. Со правната помош во дадениот период беа опфатени 4 858 текстилни работници/чки. Најчесто, работниците/чките од приватниот сектор се соочија со исплата на под минимални плати, неисплаќање на плати. Голем дел од работодавачите ја злоупотребија државната помош за исплата на плати, како и не ги почитуваа мерките, Уредбите и Законот за работни односи.

Целосниот инфографик можете да го погледенете тука.

Ифографикот
Инфографикот е изработен во рамките на проектот „Одговор на социо-економските ефекти од КОВИД-19 преку поддршка на ранливите групи на ниско-платени работници, работници кои се дел од неформалната економија и привремено вработени работници”, што го спроведува конзорциум од 5 организации составен од: Здружението „Гласен Текстилец“ - Штип; Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think“ - Скопје; Здружението на млади аналитичари и истражувачи ЗМАИ - Скопје; „Аналитика“ - Скопје; и Здружение за рурален развој „ЛАГ Агро Лидер“ - Кривогаштани, со финансиска поддршка на „Фондација Отворено општество“ - Македонија.

Blagojche Dishoski

Finance Coordinator

Related Post