ЈАВЕН ПОВИК за пријава за работилница во рамките на проектот „Институционално и економско зајакнување на жените и девојките од источниот регион“.

Почитувани текстилни работнички,

Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ од Штип, ќе организира тридневна работилница на тема „Економско зајакнување на текстилните работнички од источниот регион преку текстилни задруги “, во рамките на проектот „Институционално и економско зајакнување на жените и девојките од источниот регион“.

Целта на работилницата е да се запознаат текстилните работнички со:

🔴 моделите на текстилни задруги и нивните потенцијалните придобивки за економско зајакнување на жените;

🔴 најдобрите практики на текстилни задруги од регионот и пошироко (Хрватска);

🔴 развивање на модел и подобрување на постоечкиот бизнис план од „Гласен Текстилец“ за првата текстилна задруга во нашата држава;

🔴 можностите за финансирање од страна на Европската Унија и други странски фондови.

Работилницата ќе се одржи надвор од Штип, во периодот од 23 до 25 јули 2021 година.

Трошоците за сместување (на база на полн пансион со вклучени појадок, ручек, вечера и кафе паузи) и патните трошоци ќе бидат покриени од страна на „Гласен Текстилец“.

Сите заинтересирани можете да се пријавете на следниот линк: https://forms.gle/9FJfyZdTsbdxpxtBA

Рокот за пријавување завршува на 19 јули 2021 година.

Дополнителни информации можете да добиете на телефонскиот број: 075 316 107 – Кристина или на електронската адреса: glasentekstilec@gmail.com

Оваа активност е дел од проектот „Институционално и економско зајакнување на жените и девојките од источниот регион“, којшто го имплементира здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ – Штип. Проектот е финансиски поддржан од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (Сида) и Фондацијата Kvinna till Kvinna. Содржината на оваа објава е единствена одговорност на „Гласен Текстилец“ – Штип и не ги одразува ставовите на Сида и Kvinna till Kvinna. 

Blagojche Dishoski

Project coordinator/Financial collaborator

Related Post

Leave A Comment

Name

Website

Comment