Работилница: „Економско зајакнување на текстилните работнички  од источниот регион преку текстилни задруги”

Во перидот од 23 до 25 јули 2021 година во хотел Манастир – Берово се одржа тридневната работилница за  „Економско зајакнување на текстилните работнички  од источниот регион преку текстилни задруги”, во рамките на проектот „Институционално и економско зајакнување на жените и девојките од источниот регион“.

Целите на тридневната работилницата беа да се запознаат текстилните работнички со:

  • моделите на текстилни задруги и нивните потенцијалните придобивки за економско зајакнување на жените. Преку сесија за структурата на задругите (социјалните претпријатија) се објасни нивното функционирање и хоризонтално раководење.
  • најдобрите практики на текстилни задруги од регионот и пошироко, каде што имавме сесии за презентации на текстилни задруги од Хрватска и Шпанија, како што се Каменско и Мондрагон.
  • развивање на модел и подобрување на постоечкиот бизнис план од „Гласен Текстилец“ за првата текстилна задруга во нашата држава, каде преку практични сесии со учесничките кои дава идеи и потреби се дообработи и разви планот на „Гласен Текстилец“ за оформување на првата текстилна задруга во нашата држава од страна на текстилни работнички коишто останале без работа или се на работ на маргините.
  • можностите за финансирање од страна на Европската Унија и други странски фондови. Со помош на сесија на која беа презентирани клучните акции на Еразмус програмата, текстилните работнички се запознаа со потенцијалните поддржувачи на текстилни задруги.

Галеријата можете да ја погледнете на линкот.

Галерии:

Ден 1

Ден 2

Ден 3

Оваа активност е дел од проектот „Институционално и економско зајакнување на жените и девојките од источниот регион“, којшто го имплементира здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ – Штип. Проектот е финансиски поддржан од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (Сида) и Фондацијата Kvinna till Kvinna. Содржината на оваа објава е единствена одговорност на „Гласен Текстилец“ – Штип и не ги одразува ставовите на Сида и Kvinna till Kvinna. 

Blagojche Dishoski

Project coordinator/Financial collaborator

Related Post

Leave A Comment

Name

Website

Comment