ГОДИШЕН НАРАТИВЕН ИЗВЕШТАЈ 2020 – ИЗБОРНО СОБРАНИЕ 2021

Почитувани работници и работнички, пријатели, донатори и соработници,


Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ од Штип е непрофитна организација формирана во мај 2017 година од активисти за човекови и работнички права, поранешни и сегашни работнички од текстилната индустрија. Идејата да се формира „Гласен Текстилец“ е произлезена од претходното искуство како активисти и вработени во текстилната индустрија, бидејќи ја увидовме потребата да се започне со решавање и актуелизирање на проблемот со ниските плати, лошите и небезбедни услови за работа, мобинг и дискриминација на работно место во секторот за производство на облека и чевли. Работејќи на овој проблем, наидовме на затворени врати од институциите, неинформираност кај работниците/чките за нивните работнички и човекови права, недостиг од информации за заштита при прекршувања на работнички права, заштита од мобинг, дискриминација и повреда на работно место. Наидовме на инертни синдикати, односно, еден единствен синдикат кој има репрезентативност во оваа гранка, а истиот според изјави на работници, тотално нефункционален.
Здружението е формирано се со цел да ја подигне свеста на властите, институциите, синдикатите, па и самите работници и работнички за прекршувањето на работничките права, ниските плати и кршење на законот за работни односи, закон за социјална заштита, закон за минимална плата и разните состојби кои се недозволиви во една држава која претендира да биде членка на ЕУ.
Изминатата 2020 година, „Гласен Текстилец“ имплементира 4 проекти (Институционално и економско зајакнување на жените и девојки од источниот регион, Одговор на социо-економските ефекти од КОВИД-19 преку поддршка на ранливите групи на ниско-платени работници, работници кои се дел од неформалната економија и привремено вработени работници,Организирани граѓани за организирана иднина, Унапредување на правата на текстилните работнички од источниот регион), а дел од нив беа посветени за намалувањето на штетите предизвикани од глобалната пандемија со Ковид-19 вирусот.

За време на заседавањето на собранието, членовите на собранието на „Гласен Текстилец“ ја реизбраа Кристина Ампева за претседателка со мандат од 4 години, како и нов Надзорен одбор, со мандат од 4 години.

Blagojche Dishoski

Finance Coordinator

Related Post