ЈАВЕН ПОВИК за пријава за работилница во рамките на проектот „Институционално и економско зајакнување на жените и девојките од источниот регион“

Почитувани девојки и жени,

Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ од Штип, ќе организира тридневна работилница на тема „Правно зајакнување на жените и девојките во однос на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација“, во рамките на проектот „Институционално и економско зајакнување на жените и девојките од источниот регион“, кои се дел од пазарот на трудот.

Целите на работилницата се:

● Дискиминација и видови, мобинг,
● Комисија за спречување и заштита од дискриминација (поставеност, законски надлежности, постапка, начини на поднесување на претставка);
● Други механизми за спречување и заштита од дискриминација.

Работилницата ќе се одржи надвор од Штип (во хотел „Сириус“ во Струмица), во периодот од 24 до 26 септември 2021 година. Трошоците за сместување (на база на полн пансион со вклучени појадок, ручек, вечера и кафе паузи) и патните трошоци ќе бидат покриени од страна на „Гласен Текстилец“.

Сите заинтересирани можете да се пријавете на следниот линк: https://forms.gle/Ffv96YhGRpRsxF2z5

Рокот за пријавување завршува на 20 септември 2021 година.

Дополнителни информации можете да добиете на телефонскиот број: 075 316 108 – Благојче или на електронската адреса: glasentekstilec@gmail.com

Оваа активност е дел од проектот „Институционално и економско зајакнување на жените и девојките од источниот регион“, којшто го имплементира здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ – Штип.
Проектот е финансиски поддржан од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (Сида) и Фондацијата Kvinna till Kvinna. Содржината на оваа објава е единствена одговорност на „Гласен Текстилец“ – Штип и не ги одразува ставовите на Сида и Kvinna till Kvinna.
Blagojche Dishoski

Finance Coordinator

Related Post