ЛИТЕРАТУРЕН НАГРАДЕН КОНКУРС

Предмет: Доставување на Општински литературен награден конкурс.

По повод:  „Текстилијада 5“.

„Гласен Текстилец“ во соработка со Н У-У Библиотека „Гоце Делчев” – Штип, во рамките на „ТексилИјадА 5“ распишуваат:

ЛИТЕРАТУРЕН НАГРАДЕН КОНКУРС

ЗА ПЕСНА И КРАТОК РАСКАЗ НА ТЕМА :

ЗА РАБОТНИЧКАТА“

Право на учество на Конкурсот, со свои творби, имаат ученици од основните и средните училишта во Штип.

Литературните творби се доставуваат на следнава мејл адреса: konkurs@glasentekstilec.mk со назнака – За награден конкурс.

Заедно со творбата, се доставува: Име и презиме (авторот), со неговата адреса, училиште, и телефонски број.

За сите учесници темата е: ,,ЗА РАБОТНИЧКАТА”.

Се предвидува да бидат доделени по 3 (три)  награди, во две конкуренции:

а) за ученици од 6-9 одд.(I, II, III награда);

б) за средношколци (I, II, III награда).

Конкурсот трае од 15.09.2021 до 01.10.2021 година.

 Резултатите ќе бидат објавени и наградите доделени во дворот на Н У-У Библиотека „Гоце Делчев”  на ден 07.10.2021 во 17:00 часот .

 Во Штип14.09.2021 год. од Конкурсната комисија.

ТЕКСТИЛИЈАДА:

Оваа година по петти пат, здружението за заштита на работничките права Гласен Текстилец – Штип го организира настанот Текстилијада што ќе се одржи во Штип во периодот од 07 – 09 октомври 2021 година.
Во текот на изминатите четири изданија, најголемиот настан од ваков вид во регионот, ја постигнува својата мисија да ги поттикне младите, работниците и работничките да се вклучат во процесите на одлучување. Преку настаните кои се од социјален и уметнички карактер да прикаже на јавноста за потребата од поддршка за подобрување на правата на работниците и работничките.
Мотото на настанот за оваа година е „Известувањето и улогите во борбата за работнички права“. Овогодинешната Текстилијада има за цел да ја отвори темата за почитувањето на работничките права и стандардот на текстилните работници и работнички. Затоа, оваа година повеќе ќе се осврнеме кон улогата на локалните и национални медиуми, како и странските модни брендови за кои нашите текстилни работници и работнички ги шијат модните парчиња.
Преку дијалог, како и секоја година со носителите на одлуки, институциите, медиумите, брендовите, работниците и работничките, да ги приоретизираме проблемите и заеднички да оствариме позитивни резултати.
Ова е особено важно за економијата и стандардот на граѓаните односно, благосостојбата на вработените од приватниот сектор бидејќи од нив зависи иднината и економијата на една држава.
Нашата улога како носители на законски регулативи, имплементатори, брендови, медиуми и здруженија е важна за унапредувањето на правата и стандардот на огромна група на граѓани.

Петтото издание на Текстилијада е поддржано од: Олоф Палме Интернационален Центар, Фондација Kvinna till Kvinna и Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (Сида).

Blagojche Dishoski

Project coordinator/Financial collaborator

Related Post

Leave A Comment

Name

Website

Comment