Настан: ТекстилИјадА-5

По петти пат, здружението за заштита на работничките права Гласен Текстилец – Штип го организира настанот Текстилијада што ќе се одржи во Штип во периодот од 07 – 09 октомври 2021 година.

Во текот на изминатите четири изданија, најголемиот настан од ваков вид што се одржува во регионот, ja постигнува својата мисија да ги поттикне младите, работниците и работничките да се вклучат во процесите на одлучување.

Преку настаните кои се од социјален и уметнички карактер да прикаже на јавноста за потребата од поддршка за подобрување на правата на работниците и работничките.
Мотото на настанот за оваа година е „Известувањето и улогите во борбата за работнички права“. Овогодинешната Јубилејна Текстилијада има за цел да ја отвори темата за почитувањето на работничките права и стандардот на текстилните работници и работнички. Затоа, оваа година повеќе ќе се осврнеме кон улогата на локалните и национални медиуми, како и странските модни брендови за кои нашите текстилни работници и работнички ги шијат модните парчиња.

Преку дијалог, како и секоја година со носителите на одлуки, институциите, медиумите, брендовите, работниците и работничките, да ги приоретизираме проблемите и заеднички да оствариме позитивни резултати.
Ова е особено важно за економијата и стандардот на граѓаните односно, благосостојбата на вработените од приватниот сектор бидејќи од нив зависи иднината и економијата на една држава. Нашата улога како носители на законски регулативи, имплементатори, брендови, медиуми и здруженија е важна за унапредувањето на правата и стандардот на огромна група на граѓани.

Деталната програма со сите учесници, можете да ја погледнете тука.

Во рамките на „ТекстилИјадА5“, беше објавен и литературен конкурс во соработка со Н У-У Библиотека „Гоце Делчев” – Штип. На кој повик се пристигнати, преку 30 литературни творби.

Линк до Facebook настанот: https://fb.me/e/KToXO6mO

Петтото Јубилејно издание на Текстилијада е поддржано од: Олоф Палме Интернационален Центар, Фондацијата Kvinna till Kvinna и Шведската агенција за меѓународен развој и соработка(Сида). Содржината на овој настан е единствена одговорност на „Гласен Текстилец“ – Штип и не ги одразува ставовите на Олоф Палме Интернационален Центар, Фондацијата Kvinna till Kvinna и Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (Сида).
Blagojche Dishoski

Project coordinator/Financial collaborator

Related Post

Leave A Comment

Name

Website

Comment