АНАЛИЗА: Како до самоодржливи текстилни задруги во Република Северна Македонија.

Студијата којашто ја изработи авторката Соња Стојадиновиќ е во издание на „Гласен Текстилец“, претставува анализа на можностите за отворање на прва текстилна задруга во Република Северна Македонија. Со цел да се лоцираат недостатоците и дадат предлози за подобрување на законската рамка која постои во нашата земја, анализирани се македонскиот Закон за задруги, хрватскиот Закон за кооперативи и регулативата која пости во Европската унија. Бидејќи постојат задруги во светот кои се гиганти и вработуваат илјадници работници, а сепак работат на принципот на задругарство, претставен е шпанскиот гигант Мондрагон како релевантен пример.

Со цел искористување на пристапот кој го имаме до европските фондови, дадена е и анализа кои фондови можат да се коистат за развивање на работата на задругата. Бидејќи задруга во својот принцип на работа е профитна организација, понуден е и бизнис план на основа на кој задругата почетно треба да функционира.

На крајот во анализата дадени се заклучоци и предлог решенија како да се подобри македонската регулатива и да се овозможи поефикасно и полесно отворање на текстилни задруги, но како и да помогне државата во популаризирање на овој вид на економско здружување.

Анализата во електронска форма е достапна тука:

Анализата е изработена во рамките на проектот „Институционално и економско зајканување на жените и девојките од источниот регион“. Проектот го имплементира здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ од Штип, со времетраење од 1 декември 2020 до 31 декември 2021 година. 
Оваа анализа е целосно финансирана од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (Сида) и Фондацијата Kvinna till Kvinna. Сида и Kvinna till Kvinna не мора да се согласуваат со изразените мислења во оваа анализа. Само авторот е одговорен за содржината.  
Blagojche Dishoski

Finance Coordinator

Related Post