Завршна конференција (Final Conference)

Здружението Гласен Текстилец со задоволство ве поканува да земете учество на завршната конференција во рамките на проектот „Институционално и економско зајакнување на жените и девојките од источниот регион“, којшто го имплементира здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ од Штип, на 20 декември 2021 година (понеделник) со почеток во 12:00 часот во НУ-У – Библиотека „Гоце Делчев“ – Штип.

На настанот ќе бидат презентирани реализираните активности, ќе биде прeзентирана кратка анализа со заклучоци и препораки во врска со работата на институциите кои се задолжени за заштита на работничките права, целите и постигнатите резултати од проектот којшто здружението „Гласен Текстилец“ го реализира од 1 декември 2020 до 31 декември 2021 година.

На настанот свои излагања ќе имаат претседателката на „Гласен Текстилец“, Кристина Ампева, претставничка од Државниот инспекторат за труд, адвокат Донче Стаменков, претставник од Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, Ивана Вучкова како ангажиранa експертка.

Овој проект имаше за цел да воспостави правно, институционално и економско зајакнување на жените и девојките. Следење на работата Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка. Да се истражи институционалното работење на службите кои се надлежни и одлучуваат за работничките права вклучително и родовата дискриминација на работното место и да се дадат конкретни препораки со цел и подобрување на институционалниот одговор во целина.

Ве молиме потврда за вашето учество да испратите најдоцна до 19 декември 2021 на следната електронска адреса: bisera.kaftanova@glasentekstilec.mk или телефонски 075 316 110 (лице за контакт Бисера Кафтанова).

Агендата за настанот е достапна тука.

Blagojche Dishoski

Finance Coordinator

Related Post