ПРОДОЛЖЕН ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: Административно-финансиски/ка асистент/ка [16.03.2022]

ПРОДОЛЖЕН ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, ОД ЛИНК, ОБЈАВЕН НА 25.12.2021.

Потребни квалификации:

  • Високо образование (економски науки);
  • Финансиско искуство;
  • Административно искуство;
  • Напредно познавање на англискиот јазик;
  • Напредно познавање и раководење со компјутерски програми (Excel, Word, PPT и слично).

Што добиваш?

  • Работа во пријатна и пријателска атмосфера;
  • 40 часови работно време седмично (100 %), со определено работно време и можност за продолжување на договорот за вработување;
  • Можност за платени придонеси и бенефиции;
  • Можност за надоградување и унапредување.

Твоите почетни обврски:

  • Раководење со финансиско-административниот дел од проектите;
  • Учество и логистика на настани и проектни активности;
  • Подготовка на проектни апликации.

Платата е 26.000,00 денари, бруто износ (со можност за зголемување), со вклучени бенефиции (пензиско/инвалидско осигурување, социјално осигурување, здравствено, персонален данок на доход, сл.).

Пријави се!

Испрати ни CV и кратко мотивационо писмо на: vrabotuvanje@glasentekstilec.mk до 16 март 2022.

Тимот на Гласен Текстилец ќе води краток разговор со пријавените кандидати (online или во просториите на Гласен Текстилец).

Избраниот/избараната кандидат/ка го/ја известуваме преку електронска пошта.

Сите дополнителни информации можете да ги добиете на vrabotuvanje@glasentekstilec.mk

Ве очекуваме!

Blagojche Dishoski

Finance Coordinator

Related Post

Leave A Comment

Name

Website

Comment