ПРОДОЛЖЕН ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, ОД ЛИНК, ОБЈАВЕН НА 25.12.2021.
Потребни квалификации:
- Високо образование (економски науки);
- Финансиско искуство;
- Административно искуство;
- Напредно познавање на англискиот јазик;
- Напредно познавање и раководење со компјутерски програми (Excel, Word, PPT и слично).
Што добиваш?
- Работа во пријатна и пријателска атмосфера;
- 40 часови работно време седмично (100 %), со определено работно време и можност за продолжување на договорот за вработување;
- Можност за платени придонеси и бенефиции;
- Можност за надоградување и унапредување.
Твоите почетни обврски:
- Раководење со финансиско-административниот дел од проектите;
- Учество и логистика на настани и проектни активности;
- Подготовка на проектни апликации.
Платата е 26.000,00 денари, бруто износ (со можност за зголемување), со вклучени бенефиции (пензиско/инвалидско осигурување, социјално осигурување, здравствено, персонален данок на доход, сл.).
Пријави се!
Испрати ни CV и кратко мотивационо писмо на: vrabotuvanje@glasentekstilec.mk до 16 март 2022.
Тимот на Гласен Текстилец ќе води краток разговор со пријавените кандидати (online или во просториите на Гласен Текстилец).
Избраниот/избараната кандидат/ка го/ја известуваме преку електронска пошта.
Сите дополнителни информации можете да ги добиете на vrabotuvanje@glasentekstilec.mk
Ве очекуваме!