ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА EКСПЕРТСКИ ТИМ ЗА ИЗРАБОТКА НА ДВЕ ВИДЕО СТОРИИ

Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“- Штип,  објавува  Јавен повик за изработка на две кратки видео стории кои ќе бидат дел од проектот „Пријавете мобинг, не молчете, не сме родово еднакви со мобинг“, којшто го имплементира здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ – Штип.

Опис на ангажманот

Видеа

Избраниот тим ќе има задача да изготви најмногу 2 кратки видео стории. Видео стории кои ќе ги опфатат текстилните работнички кои наишле на мобинг и/или дискриминација на работно место, нивното искуство, како и информации за мобинг, третман и пријавување (видео стории за мобинг на работното место и дискриминација на работното место). Видеото ќе биде промовирано на јавен настан на кој ќе присуствува јавноста и вработените, работодавачите и други засегнати страни.

Максимално времетраење на едно видео е потребно да изнесува 3 минути во целосна HD резолуција, погодна за споделување на социјални медиуми.

Ангажманот ќе вклучува тесна соработка со проектниот тим.

Опсег на работа и клучни задачи

  • Разработка на креативен и идеен концепт за снимање на видео сториите – во соработка со тимот на „Гласен Текстилец“;
  • Снимање на инсерти од активностите во рамките на проектот;
  • Монтирање и постпродукција на снимениот материјал;
  • Презентација на видеата на јавен настан организиран од „Гласен Текстилец“;
  • Комуникација со проектниот тим.

Квалификации, селекција и надоместоци

  • Кандидатите на овој повик можат да се пријават како тим (физички/правни лица) составен од новинар/ка, видео едитор, снимател или слично, во зависност од потребата;
  • Искуство во подготовка (претходно спроведени слични активности) видеа;
  • Како предност ќе се смета искуство во претходна подготовка на видеа во секторот на човекови права/дискриминација и мобинг;
  • Се избира комплетно ефективната, ефикасната и економична понуда.

„Гласен Текстилец“, надоместокот го исплаќа по завршувањето на целокупниот ангажман и по презентација на видео сториите на настан организиран од тимот на „Гласен Текстилец“.

Сите трошоци произлезени од ангажманот (како патни трошоци), организацијата ги исплаќа со претходно признавање од проектниот тим.

Временска рамка

  • Отпочнување на координација со проектниот тим на Гласен Текстилец од 20.04.2022.
  • Доставување на пред финален производ до 30.06.2021.
  • Доставување на финален производ со вклучени сугестии од проектниот тим 21.07.2022.

Сопственост

Видеата кои ќе произлезат од ангажманот ќе останат во сопственост на „Гласен Текстилец“.

Начин на апликација

Сите заинтересирани кандидати/тки треба да достават кратка биографија (посебно за секој учесник во тимот),  сценарио (задолжително да се користи предвидениот образец – Анекс 1) и финансиски план/буџет (задолжително да се користи предвидениот образец – Анекс 2). на: glasentekstilec@gmail.com , со CC Blagojche.dishoski@glasentekstilec.mk и наслов на пораката: Апликација за снимање на видео стории. Апликациите се доставуваат до 05 април 2022 година.

Анекс 1: Образец за подготовка на сценарио (треба да биде потпишан).

Анекс 2: Образец за подготовка на финансиски план/буџет (треба да биде потпишан).

Некомплетните документи нема да се разгледуваат!

Дополнителни информации

Дополнителни прашања можете да добиете на истоимената електронска адреса или пак на телефонскиот број 075 316 108Благојче Дишоски.

Задолжителни потребни документи:

Проектот „Пријавете мобинг, не молчете, не сме родово еднакви со мобинг“, имплементиран од Гласен Текстилец е поддржан од Реактор – Истражување во акција и нивните партнери преку акцијата „Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ“. Акцијата е финансирана од Европската Унија и ко-финансирана од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (Сида).

Овој документ е создаден со финансиска поддршка на Европската Унија, ко-финансиран од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (Сида). Содржината е единствена одговорност на Гласен Текстилец и не ги одразува ставовите на Европската Унија или Сида.

Blagojche Dishoski

Finance Coordinator

Related Post