ТРКАЛЕЗНА МАСА: ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА НАОДИТЕ ОД АНАЛИЗАТА ЗА ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗАБОЛУВАЊА

Во текот на месец март 2022, Гласен Текстилец одржа настан -дискусија и промоција на анализа Професионални заболувања на жените текстилни работнички од Македонија, во склоп на регионалниот проект кој го спроведуваме заедно со Gender Alliance for Development Centre од Тирана, Албанија, а е поддржан од Olof Palme International Centre и Шведската агенција за меѓународен развој и соработка.
📌✔Кристина Ампева од Гласен Текстилец го поздрави присуството на големиот број на работнички, граѓански активисти, студенти на медицина, синдикалци, претставници од локалната самоуправа и медиуми.
🤝Градоначалникот на Општина Штип , господинот Иван Јорданов ја истакна својата поддршка за работата на Гласен Текстилец, важноста од постоењето на здружението и ги поздрави присутните на настанот и го проследи целиот настан.
📙Оваа анализа беше изработена од страна на мр. Милан Петковски од МЗЗПР и проф. др. Елисавета Стикова, а издадена од Гласен Текстилец.
📢⛑🔉На вчерашниот настан говорници беа авторите на анализата, Милан Петковски и Елисавета Стикова кои дадоа осврт на резултатите и препораките од анализата. Милан Петковски од МЗЗПР ги истакна состојбите со здравјето и безбедноста на работното место во текстилната индустрија и потребата од регистер за професионални заболувања кај текстилните работници.
⛑🔉 Проф.др. Стикова преку презентација ги рангираше најчестите здравствени проблеми кои се регистрирани кај над 6000 текстилни работници, а тоа се проблеми со видот, анемија, како и кардио-васкуларни заболувања.
⛑✔ Инспекторката од државниот трудов инспекторат од секторот за безбедност и здравје при работа, Лилјана Трајанова, ја истакна потребата од едукација и информација на вработените од текстилната индустрија за тоа што значат коскено-мускулните нарушувања (CTD) и како тие нарушувања влијаат врз квалитетот на живот.
⛑✔Mirela Arqimandriti од GADC, Албанија, која се вклучи во живо, ги поздрави присутните и збореше за регионалниот проект кој се спроведува од страна на двете организации и следните заеднички активности.
🔉👩‍🚒На крајот од дискусијата, Кристина Ампева повторно се заблагодари на присуството на сите, но и побара поддршка од сите присутни на настанот да продолжат да го актуелизираат овој проблем и прават притисок кај надлежните за да се подобрат овие состојби се со цел благосостојба на работниците и оваа индустрија да продолжи да опстојува со подобри услови и грижа за здравјето и безбедноста на вработените.

Проектот е финансиски поддржан од Олоф Палме Центарот и Шведската Влада.

Blagojche Dishoski

Finance Coordinator

Related Post