Повик до Министерство за здравство и Министерство за труд и социјална политика

🌡 Ги потсетуваме Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë и Министерство за труд и социјална политика, дека територијата на државата ќе биде зафатена од високи температури, влегуваме во портокалова фаза, со тоа што овие министерства треба да објават препораки за намалување на ризиците од високите температури за лицата кои се наоѓаат на отворен простор и на своите работни места. Предлагаме да дадат препорака за ослободување од работните обврски или да се организира работното време на најранливите групи на населението, како што се: бремените жени, лицата на возраст над 60 години, хронично болните. За градежните работници и сите други работници коишто работат на отворен простор да се организира работното време со цел за заштита од директна сончева изложеност на работниците.
Ги потсетуваме работодавачите да го заштитат здравјето на вработените, а инспекторатот за труд да внимава на почитување на законските прописи од областа на безбедноста и здравјето при работа.

Blagojche Dishoski

Finance Coordinator

Related Post