ЈАВЕН ПОВИК за избор на: за тренер / консултант за изработка на Акциски план

 

Здружението „Гласен Текстилец“ од Штип, објавува повик за aнгажирање на тренер-ка /консулатант-ка за спроведување на една тродневна работилница со членовите, волонтерите и вработените на Гласен Текстилец за спроведување и изработка на Акциски план за Гласен Текстилец за 2022, 2023 и 2024 година. Ангажманот е во рамки на проектот „Организирани граѓани за организирана иднина“, финансиски поддржан од Olof Palme Center и Шведската Влада. 

Временска рамка: 

Работилницата ќе биде спроведена во текот на месец август 2022 (во период од 22 до 26 август). 

Критериуми за кандидатите: 

  • Да има завршено високо образование; 
  • Да има професионално искуство во граѓанско општество; 
  • Да има професионално искуство во спроведување обуки; 
  • Да има спроведено најмалку две обуки на темата за која се пријавува; 
  • Да поседува солидни комуникациски, презентациски и фацилитаторски вештини; 
  • Способности за планирање и организација на работилници; 

Надоместоци и ангажман: 

Избраниот тренер-ка / консултант-ка ќе има вкупно ангажман од 10 работни дена, 1 ден за методологија и концепт, односно припрема на работилницата, 3 дена за собирање на информации од работилницата, 5 дена за изработка и ревидирање на Акцискиот план.  

Гласен Текстилец исплаќа бруто надоместок во висина од 26.000,00 денари, по завршувањето на целокупниот ангажман и добивање на готов производ. 

Детали за планот за застапување: 

Следат детали за темите за кои се потребни тренер-ка / консултант-ка:

  • Правно и параправно зајакнување на текстилните работници/чки; 
  • Зајакнување на партнерството со ДИТ заради намалување на корупцијата, нивна поголема транспарентност и зголемување на довербата кон ДИТ; 
  • Зајакнување на партнерството со ЕСС заради подобрување на работничките права во Македонија; 
  • Демократизација на синдикалното здружување (закон за колективно преговарање и синдикално организирање); 
  • Промоција на работничките права; 
  • Подобрување на социјален дијалог. 

Начин на пријавување  и селекција: 

Со цел да се пријавите за тренер-ка / консултант/ка, треба да испратите:  

  • Професионална биографија со вклучени референци (листа на организации за кои се спроведени ист/сличен тип на активности); 
  • Предлог дневен ред за тридневната обука на дадената тема; 

Рок за пријавување на отворениот повик е до 11 август 2022 година, и се врши по електронски пат на електронската адреса: administration@glasentekstilec.mk  

Гласен Текстилец го известува само избраниот/та кандидат/ка. 

Повеќе инфoрмации можете да добиете на електронската адреса: info@glasentekstilec.mk или телефонски на 075 316 108 – Благојче. 

Проектот е финансиски подржан од Olof Palme Center и Шведската Влада.
Bisera Kaftanova

PR Visibility Coordinator

Related Post