Средба помеѓу Кристина Ампева, претседателка на Гласен Текстилец и Иван Јорданов, Градоначалник на Општина Штип.

🤝 По повод организирање на настанот Текстилијада 6, денеска Кристина Ампева од Гласен Текстилец одржа средба со градоначалникот на Општина Штип , г. Иван Јорданов.

⏸ По пауза од една година, продолжува соработката и поддршката од страна на општината за организирање на овој голем настан кој ќе се оддржи на 6, 7 и 8 октомври.

➡️ Исто, беше направена и средба со директорите на јавните претпријатија Стипион и Исар, Игор Ефтимов и Трајче Здравков за логистика и помош во организирањето на настанот.

✊ Се надеваме дека и оваа Текстилијада 6 ќе биде успешна и повторно ги донесе работниците, работничките, работодавачите и носителите на одлуки на едно место, во нашиот Штип. Оттука, да ја потенцираме потребата од “Плата за живот” 💰 како што гласи и мотото на овогодинешната Текстилијада. Исто да укажеме на почитувањето на човековите и работничките права на работничката класа и работењето на надлежните, бидејќи само тоа е успех на едно општество.

Фотографија од средбата.
Blagojche Dishoski

Finance Coordinator

Related Post