Во рамките на проектот „Пријавете мобинг, не молчете, не сме родово еднакви со мобинг“, денеска имавме заедничка работна средба со претставничките на Локално координативно тело за заштита од дискриминација – Општина Штип. Тоа е мултисекторско тело и функционира во Општина Штип Македонија.
На работната средба разговаравме на теми поврзани со родово-базираната дискиминација, мобингот, како и поттикнување на заеднички иницијативи и акции со телото, со цел унапредување на правата на работничките и жените.

Проектот „Пријавете мобинг, не молчете, не сме родово еднакви со мобинг“, имплементиран од Гласен Текстилец е поддржан од Reactor Research in Action/ Реактор истражување во акција и нивните партнери преку акцијата „Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ“. Акцијата е финансирана од Европската Унија и ко-финансирана од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (Сида). Оваа објава е создадена со финансиска поддршка на Европската Унија, ко-финансирана од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (Сида). Содржината е единствена одговорност на Гласен Текстилец и не ги одразува ставовите на Европската Унија или Сида.