Работна средба со претставнички на Реактор-Истражување во акција

На денешната работна средба со претставничките од Reactor Research in Action/ Реактор истражување во акција разговаравме за напредокот на активностите во рамките на субгрантираниот проект „Пријавете мобинг, не молчете, не сме родово еднакви со мобинг“. Во рамките на оваа акција реализиравме кампањи во руралните и урбани заедници за подигнување на свеста кај работниците и работничките за значењето на мобингот и родовата дискриминација на пазарот на трудот, изготвивме видео стории за мобинг и анализа која ќе биде презентирана наскоро. Како дел од оваа акција се и затворените и отворените средби со преставници на институции.

#GenderSensitiveEUAccession

#родовосензитивниконЕУ

#родовосензитивниЕУинтеграции

Проектот „Пријавете мобинг, не молчете, не сме родово еднакви со мобинг“, имплементиран од Гласен Текстилец е поддржан од Реактор - Истражување во акција и нивните партнери преку акцијата „Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ“. Акцијата е финансирана од Европската Унија и ко-финансирана од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (Сида).
Оваа објава е создадена со финансиска поддршка на Европската Унија, ко-финансирана од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (Сида). Содржината е единствена одговорност на Гласен Текстилец и не ги одразува ставовите на Европската Унија или Сида.
Blagojche Dishoski

Finance Coordinator

Related Post