ЕЛЕКТРОНСКА АДРЕСА

Info@glasentekstilec.mk

ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ

075316109

АДРЕСА

Сутјеска 59, Штип

Search
Close this search box.

Студиска посета во Борос, Шведска, 2022

Во периодот од 29 номеври до 03 декември 2022 година, Делегација од Република Северна Македонија на покана на Олоф Палме Интернационалниот Центар беше во посета на градот Борос, Шведска. Делегацијата ја соочинува: Претставници од  здружението „Гласен Текстилец” – Штип, КУЦ Текстил, Општина Штип,  Министерството за труд и социјална политика, Министерството за економија, Центар за стручно образование и обука, Средното текстилно училиште „Димитар Мирасчиев“ од Штип, советници од кабинетите на вицепремиерот за економски прашања, од кабинетот на премиерот, Текстилниот кластер како и претставници од Олоф Палме Интернационалниот Центар за време на посетата остварија контакти со градоначалникот на градот Борос, текстилниот моден центар, текстилниот музеј, Универзитетот за текстил, научен центар, но и две компании чија дејност е поврзана со модната индустрија.

Преку социјален дијалог, вклученост на сите чинители, искрена и макотрпна работа, можеме повторно да го вратиме угледот на текстилната индустрија, но, преку трансформација која ќе ги следи модерните текови, а со тоа и подобар стандард за работниците. Примерот што го видовме во Борос е формулата која ни треба и нам, која функционира, која може да се имплементира и даде резултати – рече Ампева.

Кристина Ампева од Гласен Текстилец, наведува дека градот Борос има долга историја како текстилен центар која датира од средината на 19 век како, тогаш, најразвиен регион во Шведска- благодарение на текстилната индустрија. Но, во 60-тите и 70-тите години на минатиот век се случува криза, од која е погодена текстилната индустрија. Многу компании се затвориле и надворешната миграција се зголемила, односно, третина од работниците заминале од градот.

-Но, градските власти, бизнис секторот, експертите и работниците одлучуваат на седнат на една маса и покрај сите разлики меѓу нив, сериозно се вклучуваат да ја надминат оваа криза и ја трансформираат оваа индустрија во нешто сосем ново кое ќе ги врати работните места и работниците назад во градот, допринесе кон растнна економијата и стандардот на граѓаните, но му го врати угледот на секторот текстил по кој градот е препознат и ден денес – вели Ампева.

Студиската посета е финансирана од Меѓународниот Центар Олоф Палме.

https://opserver.mk/biznis/makedonska-delegacija-beshe-vo-poseta-na-shvedskiot-tekstilen-grad-boras/
Scroll to Top