НАКРАТКО ЗА ГЛАСЕН ТЕКСТИЛЕЦ

Здружение за заштита на работничките права Гласен Текстилец – Штип е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани.
Гласен Текстилец е оформен во 2017 година од страна на текстилни работнички и активисти за заштита на човековите и работничките права.
Гласен Текстилец дејствува на територијата на Република Северна Македонија. Основачи на здружението се: Кристина Ампева, Благојче Дишоски, Ивана Грозданова и Злата Петрова.

Гласен Текстилец од 2017 година работи на афирмирање и препознавање на проблемите на работниците и кршењето на човековите и работничките права, како и на подигање на свеста на работниците/чките  преку едукации, трибини, конференции, семинари и други активности, учество во подготовка на закони и други нормативни акти и прописи од областите на интерес на здружението и работниците чките од приватниот сектор, со акцент на текстилната, кожарската и чевларската индустрија. Преку програмите и проектите коишто ги имплементира Гласен Текстилец, директно  се залага за унапредување на човековите, работничките права, пристапот до правда на маргинализираните, заштита од дискриминација, еднаква плата за иста работа.

Фокус на здружението се женските права, со оглед на тоа дека 90% од вработените во текстилната индустрија се жени. Преку проектните активности, се залага за директно унапредување на правата на текстилните работнички, кои патем се човекови права, загарантирани со Устав.

ВИЗИЈА

Граѓани работници со висока свест, едуцирани, информирани, ги уживаат своите права.

МИСИЈА

Водечка организација за остварување на правата на работниците во РСМ.

ОРГАНИ ЗА ЗДРУЖЕНИЕТО

  1. Собрание: Собранието е највисок орган на Здружението. Собранието на Здружение за заштита на работничките права ГЛАСЕН ТЕКСТИЛЕЦ – Штип  го сочинуваат сите полнолетни членови на Здружението. Собранието избира Претседател со мандат од 4 години со право на повторен избор. Претседателот го застапува и претставува Здружението. Собранието избира Надзорен одбор со мандат од 4 години, со право на повторен избор. Собранието се состанува по потреба, а најмалку еднаш годишно. Изборното Собрание се свикува на секои 4 години и конституирањето на органите и телата мора да се изврши 30 дена пред истекот на мандатот на членовите на органите и телата. Поканата со материјалите за дневен ред во писмена форма се доставуваат најмалку 7 дена пред одржување на седницата. Собранието на Здружение за заштита на работничките права ГЛАСЕН ТЕКСТИЛЕЦ – Штип е  од редовите на своите членови , пред се основачи и оние со право на глас . Собранието на редовни или вонредни собранија може да  избира Надзорен  одбор.

Собранието ги врши следните работи:

    • Донесува Статут на Здружението и врши измени и дополнувања на истиот;
    • Усвојува годишен извештај, насоки и план за работа,
    • Усвојува завршна сметка и финансиски план,
    • Одлучува за промена на целта на здружувањето
    • Одлучува за основање и укинување на ограноци и други облици на организирање на здружението
    • Oдлучува за здружување или разделување од друго здружение и за зачленување во сојузи и меѓународни организации.
    • Констатира прием на нови членови и престанок на членувањето;
    • Избира Претседател на Здружението;
    • Донесува програма за работа на Здружението;
    • Расправа за постигнатите резултати од развојот на Здружението и дава   насоки за натамошен развој на Здружението;
    • Донесува одлуки, заклучоци, препораки за решавање на прашања од интерес на Здружението;
    • Избира и разрешува членови на Надзорниот одбор.
    • Разгледува и одлучува врз основ на наодите на Надзорниот одбор.
    • Одлучува за престанок на здружението со двотретинско мнозинство;
    • Врши и други работи кои произлегуваат од Статутот и законите.
  1. Надзорен одбор: Надзорниот одбор на Здружението брои 3 членови кои се избираат од редот на членовите на Здружението, и од редот на истакнати и заслужни граѓани, по предлог на 1/5 од Собранието или по предлог на Претседателот. Членовите на Надзорниот одбор во исто време не можат да бидат и членови на други органи на Здружението. Мандатот на членовите на Надзорниот одбор трае 4  години, со право на реизбор.

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ

Препознавање на проблемите на работниците и кршењето на човековите и работничките права.

Основни цели и задачи на Здружението се:

  1. Професионалност и транспарентност во работата на здружението;
  2. Застапување на интересите во државата од приватниот сектор, со акцент на оние од текстилната, кожарската и чевларската индустрија;
  3. Афирмирање и популаризација на проблемите на работниците и кршењето на нивните права;
  4. Подигање на свеста на работниците преку едукации,трибини,конференции,семинари и други активности кои се Потребни;
  5. Учество во подготовка на закони и други нормативни акти и прописи од областите на интерес на здружението и работниците во текстилната,кожарската и чевларската индустрија;
  6. Изградба на сопствена структура за подготвка на проекти за развој и унапредување на здружението;
  7. Стумулирање, лобирање, менаџирање, креирање и развој на соработка со медиумите, бизнис секторот, други невладини организации, фондации, асоцијации и остварување на меѓународна соработка;

  8. Поддршка, созадавање и развој на соработка со органите на централната и локалната власт, меѓународни институции и организации, странски амбасади и влади;
  9. Стимулирање, поддршка, имплементација и застапување на работниците, преку позитивните примери во европските држави. Учество во решавање, надминување и задоволување на проблемите и потребите на работниците во текстилната,кожарската и чевларската индустрија;
  10. Вршење и други активности и облици на работа кои придонесуваат за унапредување на правата на работниците ,популаризација на проблемите и подигање на свеста на рaботниците;
  11. Оформување и развој на мрежи и групи со организации со цел зајакнување на капацитетите за подобрување на правата на работниците;
  12. Популаризација и афирмација на статусот и кршењето на правата на маргинализираната и ранливата популација која работи во текстилната,кожарската и чевларската индустрија (роми, лгбт, зависници, сексуални работници и др.);
  13. Јакнење и развивање на волонтеризмот и волонтерскиот менаџмент и активно вклучување на младите како во организацијата така и надвор од неа;
  14. Социјална инклузија и подигање на свеста на граѓаните работници преку уметноста и културата.

ЗАПОЗНАЈТЕ ГО ТИМОТ

Во Гласен Текстилец се вработени шест лица и повеќе лица кои се ангажирани.

Notice: Trying to access array offset on value of type bool in /home/glasente/public_html/wp-content/themes/kloud/framework/shortcodes/shortcodes.php on line 1386
Кристина Ампева
Претседателка и проектна координаторка

Email: name.surname`{`et`}`glasentekstilec.mk

075 316 107

Notice: Trying to access array offset on value of type bool in /home/glasente/public_html/wp-content/themes/kloud/framework/shortcodes/shortcodes.php on line 1386
Благојче Дишоски
Координатор на финансии

Email: name.surname`{`et`}`glasentekstilec.mk

075 316 108

Notice: Trying to access array offset on value of type bool in /home/glasente/public_html/wp-content/themes/kloud/framework/shortcodes/shortcodes.php on line 1386
Силвија Костовска
Правничка

Email: name.surname`{`et`}`glasentekstilec.mk

075 316 109

Notice: Trying to access array offset on value of type bool in /home/glasente/public_html/wp-content/themes/kloud/framework/shortcodes/shortcodes.php on line 1386
Веселинка Монева
Проектно-административна асистентка

Email: name.surname`{`et`}`glasentekstilec.mk

075  316 108

Сакаш да волонтираш во Гласен Текстилец? 

Кликни!

Здружение за заштита на работничките права ГЛАСЕН ТЕКСТИЛЕЦ – Штип

Адреса за посета/канцеларии:  Секој работен ден од 09:00-16:00 часот. Сутјеска број 59, Штип.

Административна адреса:  Пролетерска број 42, Штип.

Електронска адреса:

Телефон:  + 389 75 316 109