Финансиски поддржан од Реактор – Истражување во акција, Мрежата на жени на Косово (Kosovo Women’s Network), и нивните партнери во проектот „Унапредување на работничките права на жените“. Овој проект е финансиран од Европската Унија и ко-финансиран од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (СИДА). Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Гласен Текстилец – Штип и не ги одразува ставовите на Европската Унија или СИДА.

Унапредување на правата на текстилните работнички од источниот регион.

Date: февруари 1, 2020
Client: Текстилни работнички
Project Type: Родово-базирана дискриминација

Период на имплементација:

1 февруари 2020 - 31 март 2021.

Активности:

  • Промотивен настан, презентација на целите на проектот и очекуваните резултати од проектот (конференција).
  • Промотивни материјали за проектот (цели и резултати, период) постер и флаери, торбички.
  • Видео кампања за подигнување на свеста.
  • Ангажирање на правник/чка.
  • Едукативна сесија со текстилни работнички и претставници од Еднакви можности, НП, КЕМ на тема дискриминација на работното место, надвор од Штип.
  • Креирање и печатење на информатор за заштита од родово базирана дискриминација и прекршување на права на жените работнички.
  • Завршен настан и промоција на резултатите со препораки.
  • Неформални состаноци со текстилни работнички.

Главна цел:

  1. Зголемено и подобрено знаење за значењето на родово базираната дискриминација кај работничките и Локалните механизми во Општина Штип.

Специфични цели:

  1. Подобрено опкружување за поднесување на пријави до надлежните институции од страна на текстилните работнички.
  2. Работничките се едуцирани и свесни за правните нормативи за заштита од дискриминација.
  3. Зајакнати капацитети на Гласен Текстилец за работата и заштитата од родово базираната дискриминација.

Резултати:

  1. Зголемено и подобрено знаење од правен аспект кај Локалните механизми за родова еднаквост во Општина Штип;
  2. Создадени услови за достапност на информации и правни поуки за справување со родово базираната дискриминација и вмрежување на текстилните работнички;

Публикации:

 

Видео прилози:

[playlist type="video" ids="2559,2558"]

Галерија:

[gallery ids="2557,2556,2555,2554,2553,2552,2551,2550,2549,2548,2547"]