Коалиции, мрежи и соработка со други оргaнизации
Мрежи и коалиции:
- Членови сме на мрежата Clean Clothes Campaign: интернационална мрежа за застапување и лобирање со модни брендови, во превод би значело нешто како „чиста облека“ за платен труд на работниците. Преку оваа мрежа на организации и брендови застапуваме на меѓународно ниво.
- Дел сме од конзорциум на граѓански организации кои го реализираат проектот #ФорумЗаГраѓанскиДијалог, предводен од НВО Инфоцентар, а составен од други 5 организации, кои локално работат и следат програми на кандидати за градоначалници и подоцна нивното реализирање. Конзорциумот е финансиран од Олоф Палме Центарот.
- Изминативе 3 години бевме дел од коалицијата за борба против родово – базираната дискриминација на пазарот на трудот предводена од Реактор – истражување во акција и Косовската мрежа на жените, а составена од други 6 организации од западен Балкан кои работат на полето за унапредување на женските работнички права и родовата еднаквост. Бевме дел преку нивната мрежа за субгрантирање. Повеќе за акцијата можете да погледнете тука.
- Дел сме од Комитетот за пристојна работа на работничките при Националната платформа за женско претприемништво, Националната платформа за женско претприемништво (НПЖП) и партнерите, Здружение на бизнис жени и Фондација за менаџмент и индустриско истражување, Ви благодариме што прифативте да бидете член на Комитетот за пристојна работа за жени работнички, кој се формираше во рамки на проектот ,,Пристојна работа за жени работнички – Социјално учество и зајакнување“, а финансиран од Европската Унија.
- Дел сме од мултисекторското тело: Локалното координативно тело за заштита од дискриминација кое функционира на локално ниво во Општина Штип, во рамките на секторот за родова еднаквост.
Заеднички/партнерски проекти:
- Хелсиншки комитет за човекови права: проект за приправници и нивно мапирање во текстилен сектор, финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија, во периодот од 2016-2017 година, каде бевме локални партнери на проектот;
- Со Здружение Достоинствен работник: го реализиравме проектот „Подобрување на работните услови на домашните работници во локалните заедници Прилеп и Штип“, поддржан од ФООМ, за проактивна анализа, едукација, заштита и подобрување на условите за работа на работниците;
- Локални партнери на проектот финансиран од Олоф Палме Центар, а имплементиран од НВО Инфо Центар, #ФорумЗаГраѓанскидијалог;
- Дел од конзорциумот на Фондација Отворено Општество – Македонија преку проектот: „Одговор на социо-економските ефекти од КОВИД-19 преку поддршка на ранливите групи, нископлатените работници, работниците од неформалната економија и повремено вработените“. Проектот се спроведува во земјите од Западен Балкан, со поддршка од Заедничкиот фонд за брз одговор на КОВИД-19 на Фондациите Отворено општество;
- Заеднички проект/акција за професионални заболувања: Occupational Diseases of Women Garment Workers in Albania and North Macedonia, имплементиран во партнерство со Gender Alliance for Development Center (GADC) од Албанија;
Соработка со други организации/институции и учество во истражувања и активности, издвоени некои од поважните активности:
- Брза анализа на преземените и предложени мерки за справување со влијанието на епидемијата од Ковид-19 (второ издание); Изработена од Центарот за истражување и креирање политики, како прво и второ издание;
- Млади и Ковид, дел од партнерската мрежа со како дел од партнерството помеѓу Y-PEER и Гласен Текстилец кое е овозможено од UNFPA MK беа направени активности со главен фокус на младите во насока на едукација и поддршка во време на Ковид-19;
- Изработена анализа на тема: THE IMPACT OF COVID – 19 ON LOW-PAID AND LABOR INTENSIVE BRANCHES, заедно со Foundation “Friedrich Ebert” Skopje office;
- Заедничка акција со Општина Штип и ЕХО Штип, по повод 16 дена активизам;
- Заедничка акција со Општина Штип, по повод 8 – Ми Март 2023;
- Разни меѓународни студиски посети во организација на Фондацијата Kvinna till Kvinna, Olof Palme Center и други регионални орагнизации.