ИНФОГРАФИК #1 РОДОВО – БАЗИРАНА ДИСКРИМИНАЦИЈА НА РАБОТНОТО МЕСТО

Инфографикот можете да го симните тука.

Родово-базираната дискриминација на работното место е чест проблем со којшто се соочуваат текстилните работнички, особено во оваа здравствена и социо-економска криза, таа се зголеми. 
Преку проектот „Унапредување на правата на текстилните работнички од источниот регион“, Гласен Текстилец, изминатиот период започнувајќи од март 2020, даваше правна помош на текстилни работнички кои беа родово дискриминирани, креираше претставки и известувања до институциите, водеше кампањи против родово-базираната дискриминација.

Денес, на овој инфографик ги прикажуваме бројчано случаите кои беа евидентирани во периодот од 1 март 2020 до 30 ноември 2020 година, а се однесуваат на родово-базирана дискриминација.

#трудбездискриминација

#СтопЗаДискриминацијатаВрзТекстилнитеРаботнички

Овoј инфографик е дел од проектот на Гласен Текстилец – Штип, поддржан од Реактор – Истражување во акција, Мрежата на жени на Косово (Kosovo Women’s Network), и нивните партнери во проектот „Унапредување на работничките права на жените“. Овој проект е финансиран од Европската Унија и ко-финансиран од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (СИДА). Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Гласен Текстилец – Штип и не ги одразува ставовите на Европската Унија или СИДА.

Vanja

Related Post