Гласен Текстилец, започнува да врши дејност за шиење на промотивни материјали од различен текстилен материјал.

Почитувани,

Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ од Штип,

со задоволство ги известува сите партнери, фондации, граѓански организации, амбасади, општествено одговорни компании,  дека започнуваме да вршиме дејност – услуги,  за шиење на промотивни материјали (торбички/бандани/маски), од различен текстилен материјал.

Промотивни материјали (торбички/бандани/маски) ги изработуваат текстилни работнички (членки и поддржувачки на здружението), кои се од социјално ранлива категорија (самохрани мајки, жени кои останале без работа во текот на оваа криза и слично).

За нас е важно да знаете дека „Гласен Текстилец”  НЕ остварува приход при посредувањето за набавката и шиењето на промотивни материјали (торбички/бандани/маски), како и за печатењето со Вашиот дизајн.

Целата административна постапка се одвива преку  „Гласен Текстилец”, всушност, Вие плаќате преку фактура којашто  Ви ја издава „Гласен Текстилец”, а понатаму ние ги исплаќаме текстилните работнички коишто ја извршиле оваа услуга.

 До сега сме соработувале со повеќе граѓански организации и фондации, меѓу кои, ХОПС, Фондација Фридрих Еберт – канцеларија Скопје, Факултет за работи што не се учат и други.

Ве повикуваме и охрабруваме, доколку имате потреба од ваков тип на промотивни материјали за остварување на Вашите цели и активности, да ни се обратите, а со тоа  заедно да им помогнеме на текстилните работнички коишто имаат потреба од приходи, егзистенција, во време на ваква социо-економска криза предизвикана од глобалната пандемија со вирусот Ковид-19, која ја почувствуваа токму тие.

 Овој повик е наменет за граѓански организации, фондации, институции, амбасади, општествено одговорни компании и сите правни и физички лица коишто имаат потреба од овој тип на промотивни материјали.

Ве очекуваме!

Контакти: glasentekstilec@gmail.com или 075 316 107

Дел од соработките, можете да ги погледнете во прилог на галеријата.

https://www.facebook.com/glasentekstilec

https://www.youtube.com/channel/UC7DxEXvQPwayn6m_yiYEDtA/featured

Blagojche Dishoski

Finance Coordinator

Related Post