ЈАВЕН ПОВИК за пријава за работилница во рамките на проектот „Институционално и економско зајакнување на жените и девојките од источниот регион“

Почитувани девојки и жени,

Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ од Штип, ќе организира тридневна работилница на тема „Правно зајакнување на жените и девојките во однос на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација“, во рамките на проектот „Институционално и економско зајакнување на жените и девојките од источниот регион“.

Целите на работилницата се:

● Дискиминација и видови, мобинг,
● Комисија за спречување и заштита од дискриминација (поставеност, законски надлежности, постапка, начини на поднесување на претставка);
● Други механизми за спречување и заштита од дискриминација.

Работилницата ќе се одржи надвор од Штип (во хотел „Сирус“ во Струмица), во периодот од 24 до 26 септември 2021 година. Трошоците за сместување (на база на полн пансион со вклучени појадок, ручек, вечера и кафе паузи) и патните трошоци ќе бидат покриени од страна на „Гласен Текстилец“.

Сите заинтересирани можете да се пријавете на следниот линк: https://forms.gle/Ffv96YhGRpRsxF2z5

Рокот за пријавување завршува на 20 септември 2021 година.

Дополнителни информации можете да добиете на телефонскиот број: 075 316 108 – Благојче или на електронската адреса: glasentekstilec@gmail.com

Оваа активност е дел од проектот „Институционално и економско зајакнување на жените и девојките од источниот регион“, којшто го имплементира здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ – Штип.
Проектот е финансиски поддржан од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (Сида) и Фондацијата Kvinna till Kvinna. Содржината на оваа објава е единствена одговорност на „Гласен Текстилец“ – Штип и не ги одразува ставовите на Сида и Kvinna till Kvinna.
Blagojche Dishoski

Project coordinator/Financial collaborator

mailto: blagojche.dishoski@glasentekstilec.mk/075 316 108 The Citizens 'Association Glasen Textilec was established in May 2017 by textile workers and activists for the protection of human and workers' rights. Glasen Textilec aims to: promote and popularize the problems of workers and the violation of their rights, raising the awareness of workers and young people before their first employment through education, tribunes, conferences, seminars and other activities that are needed, participation in the preparation of laws and other normative acts and regulations in the areas of interest of the association and workers in the textile, leather and shoe industries. Through the programs and projects that we implement we strive for the promotion of gender equality in the textile industry in the municipality of Shtip, as well as the reduction of gender discrimination, considering that almost 80 percent of the employees are females.

Related Post

Leave A Comment

Name

Website

Comment