ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА И ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА POLICY BRIEF

Денес на завршната конференција во рамките на проектот „Институционално и економско зајакнување на жените и девојките од источниот регион“, којшто го имплементира здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ од Штип, беа презентирани реализираните активности, кратка анализа со заклучоци и препораки во врска со работата на институциите кои се задолжени за заштита на работничките права, целите и постигнатите резултати од проектот којшто здружението „Гласен Текстилец“ го реализира од 1 декември 2020 до 31 декември 2021 година.

На настанот свои излагања имаа претседателката на „Гласен Текстилец“, Кристина Ампева, претставничка од Државниот инспекторат за труд Ленче Коцевска, претставник од Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка Елизабета Русеска и Ивана Вучкова како ангажиранa експертка.

Овој проект имаше за цел да воспостави правно, институционално и економско зајакнување на жените и девојките. Следење на работата Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка. Беше повеќе од важно да се истражи институционалното работење на службите кои се надлежни и одлучуваат за работничките права вклучително и родовата дискриминација на работното место и да се дадат конкретни препораки со цел и подобрување на институционалниот одговор во целина.

За потребите на овој документ, се анализираа годишните извештаи на оваа Комисија од 2016 до 2020 година, како и одговори на наши прашалници од страна на инспекторите од областа на трудот.

Проектот е финансиски поддржан од Шведската фондација за меѓународен развој и соработка (Сида) и Фондацијата Kvinna till Kvinna.

Галерија

Blagojche Dishoski

Finance Coordinator

Related Post