Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ – Штип, за потребите на проектот „Организирани граѓани за организирана иднина” распишува повик за ангажирање на експерт/ка за изработка на анализа на тема “Компаративна анализа за имплементација на член 12 од Законот за работни односи”.
Позадина на проектот
Проектот е финансиски поддржан од Olof Palme International Center и Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (Сида). Проектот има за цел застапување на правата на работниците и работничките во РСМ, подигање на свеста на истите, но и севкупната јавност за потребата од почитување на работничките права, услови за работа и пристојна плата за живот.
Опис на работните задачи
Согласно проектната апликација во рамките на проектот е предвидено изработка на анализа: “Компаративна анализа за имплементација на член 12 од Законот за работни односи”.
„Во последните години постои пракса некои синдикати да потпишуваат колективни договори на ниво на гранка и на ниво на општ колективен договор на јавен или приватен сектор со кои колективни се намалуваат работничките права. Преку оваа компаративна анализа здружението има за цел да укаже на потребата за правилна имплементација на член 12 од Законот за работни односи низ призмата на колективните договори. Во склоп на анализата би се дале конкретни забелешки и препораки за потребни промени и укажувања на штетните членови во колективните договори кои во моментов ги намалуваат правата на вработените“
По изработката на компаративната анализа, ќе се организира јавна дебата за промоција на истиот настан, која ќе биде испратена до сите засегнати страни.
Задачи кои се очекува да ги исполни експертот:
1. Изработка на анализата со соодветно анализирање на колективните договори низ призмата на член 12 од ЗРО;
2. Изготвување на препораки и забелешки за подобрување на состојбите во пронајдоците од анализата;
3. Постојана и навремена комуникација со проектниот тим;
4. Изготвување на два квартални извештаи за напредокот на анализата;
5.Присуство на завршен настан и презентација на анализата.
Временска рамка за предвидениот ангажман
Ангажманот на експертот/експертката ќе биде во времетраење од 6 (шест) месеци од датумот на потпишување на договорот.
Договор и надоместок за експерт/експертка
Ангажманот се заснова по претходно потпишан договор со експерт/експертка Плаќањето ќе се изврши со една рата по завршувањето на предвидениот ангажман и добивање на готов производ.
Максималната вредност на договорот изнесува 99.000 ден во бруто износ (10 % ПДД)
Трошоците поврзани со патување, храна за состаноци, претходно признаени од проектниот тим ќе бидат во целост покриени од Гласен Текстилец.
Потребни квалификации
Експертот треба да ги поседува следните квалификации и вештини:
- Да има завршено високо образование од областа на правото, со особен акцент на трудовото право;
- Комуникациски и презентациски вештини;
- Вештини за пишување на научни трудови.
Селекција
- Искуство во подготовка (претходно спроведени) истражувања/анализи и слично;
- Како предност ќе се смета искуство во претходна подготовка на истражувања/анализи во секторот на човекови права и работнички права, дискриминација и мобинг;
- Познавања на состојбите со македонското трудово законодавство и колективните договори на ниво на гранка.
Потребна документација
Понудата треба да го содржи следново:
- Кратка биографија (CV);
- Методологија за работа,
Рок за пријавување
Рокот за пријавување е најдоцна до 30.03. 2022 до 16 часот на следната емаил адреса: glasentekstilec@gmail.com , со назнака Апликација за ангижање на експерт/ка за изработка на анализа, со СС kristinaampeva88@yahoo.com
Дополнителни информации
Можете да добиете на електронската адреса: kristinaampeva88@yahoo.com или телефонски на 075 316 107 – Кристина Ампева.
Погледнете го документот: