ПОВИК ЗА ВРСНИЧКИ ЕДУКАТОРИ

Повик за учество на обука за врснички едукатори на теми од законот за работни односи

          Здружението „Гласен Текстилец“ од Штип, објавува повик за средношколци за  учество на работилница за врснички едукатори/едукаторки на тема: Едукација на 20 врснички едукатори/ки во врска со законот за работни односи, кои подоцна ќе едуцираат околу 150 млади од источниот регион  пред првиот работен однос, во склоп на проектот „Организирани граѓани за организирана иднина“финансиски поддржан од Olof Palme Center и Шведската Агенција за меѓународен развој и соработка.

Компоненти на обуката:

Дел 1: Пријавување и селекција;

Дел 2: Обуки за селектираните врснички едукатори од средните училишта од источниот регион. (2/3 дена во Штип);

Дел 3: Врснички едукации од страна на обучените едукатори.

Ги повикуваме да се пријават сите заинтересирани средношколци од општините од источниот регион, најдоцна до 15 мај 2022 година, кои ги исполнуваат следните критериуми:

  • Да се средношколци во општините од источниот регион во тековната и во наредната учебна година (2022/23);
  • Да се мотивирани и амбициозни да водат врснички работилници со средношколци во нивните училишта.

За работилницата ќе бидат селектирани најмалку по двајца ученици од секое училиште во општините од источниот регион.
Трошоците од самата обука ќе бидат покриени од страна на Гласен Текстилец.

Пријавувањето се врши со пополнување на следниов линк: Формулар за пријавување.

Повеќе информации можете да добиете на електронската адреса; info@glasentekstilec.mk или телефонски на 075 316 108.

Blagojche Dishoski

Finance Coordinator

Related Post