Здружението „Гласен Текстилец“ од Штип, објавува повик за aнгажирање на тренер-ка /консулатант-ка за спроведување на една тродневна работилница со членовите, волонтерите и вработените на Гласен Текстилец за спроведување и изработка на Акциски план за Гласен Текстилец за 2022, 2023 и 2024 година. Ангажманот е во рамки на проектот „Организирани граѓани за организирана иднина“, финансиски поддржан од Olof Palme Center и Шведската Влада.
Временска рамка:
Работилницата ќе биде спроведена во текот на месец август 2022 (во период од 22 до 26 август).
Критериуми за кандидатите:
- Да има завршено високо образование;
- Да има професионално искуство во граѓанско општество;
- Да има професионално искуство во спроведување обуки;
- Да има спроведено најмалку две обуки на темата за која се пријавува;
- Да поседува солидни комуникациски, презентациски и фацилитаторски вештини;
- Способности за планирање и организација на работилници;
Надоместоци и ангажман:
Избраниот тренер-ка / консултант-ка ќе има вкупно ангажман од 10 работни дена, 1 ден за методологија и концепт, односно припрема на работилницата, 3 дена за собирање на информации од работилницата, 5 дена за изработка и ревидирање на Акцискиот план.
Гласен Текстилец исплаќа бруто надоместок во висина од 26.000,00 денари, по завршувањето на целокупниот ангажман и добивање на готов производ.
Детали за планот за застапување:
Следат детали за темите за кои се потребни тренер-ка / консултант-ка:
- Правно и параправно зајакнување на текстилните работници/чки;
- Зајакнување на партнерството со ДИТ заради намалување на корупцијата, нивна поголема транспарентност и зголемување на довербата кон ДИТ;
- Зајакнување на партнерството со ЕСС заради подобрување на работничките права во Македонија;
- Демократизација на синдикалното здружување (закон за колективно преговарање и синдикално организирање);
- Промоција на работничките права;
- Подобрување на социјален дијалог.
Начин на пријавување и селекција:
Со цел да се пријавите за тренер-ка / консултант/ка, треба да испратите:
- Професионална биографија со вклучени референци (листа на организации за кои се спроведени ист/сличен тип на активности);
- Предлог дневен ред за тридневната обука на дадената тема;
Рок за пријавување на отворениот повик е до 11 август 2022 година, и се врши по електронски пат на електронската адреса: administration@glasentekstilec.mk
Гласен Текстилец го известува само избраниот/та кандидат/ка.
Повеќе инфoрмации можете да добиете на електронската адреса: info@glasentekstilec.mk или телефонски на 075 316 108 – Благојче.
