Работилница за креирање на акциски планови за Гласен Текстилец

Во периодот од 23 до 25 август 2022 година во Велес, се одржа работилница за креирање на Акциски план за Гласен Текстилец за периодот од октомври 2022 до декември 2024 година.

На работилницата присуствуваа членовите, основачите, волонтерите, вработените и неколку текстилни работнички. Сите присутни имаа можност да дадат свој придонес и да предложат свои активности, предводени од тренерот кој ни го креираше акцискиот план, Игор Јадровски, кој има долгогодишно искуство во работата на граѓанскиот сектор. Нивниот придонес ни е особено важен како граѓанска организација, која е формирана од активисти за заштита на човековите права и текстилни работнички.

Што е акциски план?

Тоа е документ со детална листа на чекори и активности кои треба да се превземат за да се оствари претходно утврдената цел. Основната цел на постојниот план е да дизајнира, спроведе и координира сеопфатни активности во насока на остварување на стратешките цели на здружението. Активностите во планот планирано е да се реализираат во периодот 2022-2024. Акцискиот план е многу важен за правилното организирање на работата и планирање на активностите во граѓанските организации.

Нашиот акциски план содржи ги содржи четирите цели:

Цел 1: Правно и параправно зајакнување на текстилните работници/чки (правна програма, параправна програма, претставки, синдикално здружување, мониторинг на судски постапки и ДИТ);

Цел 2: Промоција на работничките права (Текстилијада, млади за човекови права, работилници, културни настани, кампања, пресметка на плата за живот);

Цел 3: Застапување (локална власт, ДИТ, УЈП, работодавачи, ЕСС, ЛЕСС, комисии, министерства, застапување пред релевантни министерства и комисии, меѓународно застапување кај брендови, меѓународни застапување пред OOH, криза и ковид-19);

Цел 4: Собирање фондови и самоодржливост (следење повици, мапирање донатори, пишување апликации, ангажирање лице за fund rising, вмрежување со партнерски организации, изработка на стратегија за собирање фоднови);

Акцискиот план е резултат на заедничка работа на вработените во здружението, волонтер(к)ите во здружението, текстилните работнички кои се таргет група на здружението и ангажиран надворешен консултант.

Фази на подготовка на акцискиот план: Во првата фаза од подготовката на Акцискиот план, надворешниот консултант изготви методологија и концепт за работилницата за изработка на акцискиот план, кои подоцна беа одобрени од страна на Гласен Текстилец и проектниот тим. Методологијата опфаќаше прецизирање на стратешките цели, анализа на актери, клучни чинители, потенцијални партнери и блокатори во исполнувањето на акцискиот план (stakeholders analysis matrix), работа во групи за дефинирање на активности, дефинирање на улоги и обврски за спроведување на активностите, дефинирање  временска  рамка  (краткорочни,  среднорочни  и  долгорочни активности) , поставување мерливи индикатори за секоја од активностите, утврдување потребни ресурси и извор на финансирање на активностите  утврдување алатки и начини за верификација на индикаторите. Понатаму, беа предвидени три дена (втора фаза) за собирање на информации од работилницата и пет дена за изработка на финалниот документ и доставување на извештајот. 

Деталниот Акциски план на Здружението за заштита на работничките права ќе биде јавно објавен на нашата веб страна, веднаш штом биде изгласан на вонредно Собрание со членовите на организацијата во текот на септември 2022 година.

Оваа активност е дел од проектот „Организирани граѓани за организирана иднина“, којшто го имплементира здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ – Штип. Проектот е финансиски поддржан од Меѓународниот центар Олоф Палме и Шведската Влада. Содржината на оваа објава е единствена одговорност на „Гласен Текстилец“ – Штип и не ги одразува ставовите на  Олоф Палме центарот и Шведската Влада.  

Галерија на линкот: https://bit.ly/3Bim2H8

Претходно имавме објавено Јавен повик за ангажирање на експерт/ка за изработка на Акциски план.

Blagojche Dishoski

Finance Coordinator

Related Post

Comments (14)

  1. Artificial intelligence creates content for the site, no worse than a copywriter, you can also use it to write articles. 100% uniqueness, scheduled posting to your WordPress :). Click Here:👉 https://stanford.io/3FXszd0

    ноември 29, 2022
  2. Create super-engaging Instagram captions with this AI powered Instagram caption generator. This free AI powered Instagram caption generator will create the perfect caption for your photo and help you get more likes, followers and comments. Click Here:👉 https://stanford.io/3Fmnnxo

    декември 11, 2022
  3. https://mailforbob.com/

    WilliamHal
    декември 12, 2022
  4. слив клуба леонида малолетова

    JeffreyCania
    декември 13, 2022
  5. Информационно-аналитический проект Банковая
    https://www.facebook.com/bankovaya/

    Matthewsef
    декември 13, 2022
  6. music studio online

    Georgeslafe
    декември 13, 2022
  7. https://steelnsk.ru/communication/forum/user/922876/

    ElmerSnica
    декември 24, 2022
  8. http://heating-shop.ru/club/user/193/blog/9432/

    ElmerSnica
    декември 24, 2022
  9. промокод melbet при регистрации. Click Here:👉 http://lynks.ru/geshi/php/?melbet_promokod_pri_registracii_2020.html

  10. купить диплом

    DavidSek
    јануари 7, 2023
  11. https://1abakan.ru/forum/showthread-31919/

    Ralphged
    јануари 13, 2023
  12. http://www.yaokpb.ru/about/forum/user/15325/

    Ralphged
    јануари 13, 2023

Leave A Comment

Name

Website

Comment