Предмет: Доставување на Општински литературен награден конкурс, во рамките на „ТекстилИјадА 6“

Предмет: Доставување на Општински литературен награден конкурс

По повод: Текстилијада 6

Гласен Текстилец во соработка со Н У-У Библиотека „Гоце Делчев” – Штип распишува:

ЛИТЕРАТУРЕН НАГРАДЕН КОНКУРС

ЗА ПЕСНА И КРАТОК РАСКАЗ НА ТЕМА:

„ПЛАТА ЗА ЖИВОТ“

Право на учество на Конкурсот, со свои творби, имаат ученици од основните и средните училишта во Штип.

Литературните творби се доставуваат на следнава мејл адреса: konkurs@glasentekstilec.mk со назнака – За награден конкурс:

  • заедно со творбата, се доставува Име и презиме (на авторот), со неговата адреса, училиште,  и телефонски број;
  • за сите учесници темата е: „Плата за Живот“;
  • се предвидува да бидат доделени по 3 (три) награди, во две конкуренции:
    •  за ученици од 6-9 одделение (I, II, III награда);
    •  за средношколци (I, II, III награда).

Конкурсот трае од 12.09.2022 до 30.09.2022 година.

Резултатите ќе бидат објавени и наградите доделени во просториите на НУ-У Библиотека „Гоце Делчев” на ден 08.10.2022 (сабота) во 12:00 часот.

 Во Штип12.09.2022 год. од Конкурсната комисија.

Литературниот конкурс е дел од проектот „Организирани граѓани за организирана иднина“, којшто го имплементира здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ – Штип.

Проектот е финансиски поддржан од  Меѓународниот центар Олоф Палме и Шведската Влада. Содржината на оваа објава е единствена одговорност на „Гласен Текстилец“ – Штип и не ги одразува ставовите на Олоф Палме центарот и Шведската Влада.

Blagojche Dishoski

Finance Coordinator

Related Post