И оваа сабота ни беше работна, имавме работна средба со Карин Јемтим (Carin Jämtin), генерална директорка на Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (Сида), како и претставници на Sida – Styrelsen för Internationellt Utvecklingssamarbete, амбасадорката на Шведска во Скопје (Embassy of Sweden in Skopje), претставник од Olof Palmes internationella center.
На работната средба беа присутни вработените во #ГласенТекстилец, неколку текстилни работнички од повеќе градови од регионот, кои ги запознаа гостите со предизвиците и проблемите со кои се соочуваат низ работниот процес. Кристина Ампева, ја запозна Делегацијата со најчестите правни пречки и проблеми кои произлегуваат на работното место, накратко им објасни за судските постапки кои ги води Гласен Текстилец, работата на институциите и пристапот до правда во државава.
Од 2017 година до сега, многу работи се сменети, благодарение на овие соработки, но останува уште многу работа во наредниот период за да се врати угледот и се прикаже и светлата страна на текстилната индустрија.
Се радуваме на секоја средба која има за цел унапредување на правата на работниците од приватниот сектор, со акцент на текстилната, кожарската и чевларската индустрија.
Особено сме благодарни како здружение на поддршката сите овие години од страна на нашите партнери од Шведска