Заеднички марш во рамките на 16 дена активизам

Во Штип денеска се одржа марш за борба против насилството врз жените и девојките во склоп на кампањата 16 дена активизам против родово базираното насилство.

На маршот беа присутни две претставнички од здружението #ГласенТекстилец.

Во заедничката соработка со Општина Штип и Гласен Текстилец, беа изработени портокалови торби и доставени балони на кои беше пренесена пораката – СТОП ЗА НАСИЛСТВО!

Гласен Текстилец како организација која постои од 2017 година во Штип, а делува на национално ниво, секогаш ја потенцира потребата од поголема свест, поддршка и почитување за правата на жените, кои и во 21 век се соочуваат со физичко и психичко насилство, дома, но и на работното место.

Ги повикуваме надлежните да се сеќаваат на овој проблем постојано, не само за време на овие 16 дена, туку да донесат поголеми права, подобри закони, ратификуваат конвенции, но и ги имплементираат во пракса, за да ги елиминираме формите на насилство врз жените.

Особено како здружение ќе го потенцираме Законот за работни односи, но и Законот за мобинг кој се носи без вклучување на оние кои се на терен и ги третираат овие појави, но и се прва помош на жените.

Кампањата во Македонија се одбележува од 2014 година и има цел да ја подигне општествената свест и да поттикне на размислување за индивидуалниот и колективниот придонес во борбата за спречување на родово базираното насилство.

#16daysofactivism

#СтопЗаНасилство

#ГласенТекстилец

Blagojche Dishoski

Finance Coordinator

Related Post