Во периодо од 15 до 17 декември 2022 година, заврши првиот дел од работилницата за текстилни задруги, организирана од Гласен Текстилец, во рамките на проектот „Институционално и економско зајакнување на жените и девојките од Источниот регион“. Оваа работилница е финансиски поддржана од Фондацијата Kvinna till Kvinna и Шведска.
Првиот дел од обуката преставува мапирање на текстилни работнички за формирање на текстилната задруга, преку сесии за оперативен менаџмент, унапредување на човечките ресурси, тим билдинг, како и разработка на техничките капацети, заедно со Весна Кардалевска, Никола Булески и Ивана Вучкова. За време на работилницата беа презентирани и прототиповите од ZEN Futurus, од страна на Гере Трипков и Љубиша Савески.
Обуките ќе им овозможат на текстилните работнички да се стекнат со вештини кои одговараат на трендовите на пазарот на трудот и потребите на потрошувачите, а во исто време ќе ги гарантираат социјалните и еколошките стандарди кои ќе овозможат одржлив развој. ![]()
Со стекнување на такви вештини, работничките ќе ги зајакнат сопствените капацитети да придонесат за поголема додадена вредност на нивните производи, висока одржливост на текстилната задруга и производните циклуси, што е предуслов за економски раст на задругата и економското зајакнување на самите работнички.
