Обука за текстилни задруги во Берово

Во периодо од 15 до 17 декември 2022 година, заврши првиот дел од работилницата за текстилни задруги, организирана од Гласен Текстилец, во рамките на проектот „Институционално и економско зајакнување на жените и девојките од Источниот регион“. Оваа работилница е финансиски поддржана од Фондацијата Kvinna till Kvinna и Шведска.

Првиот дел од обуката преставува мапирање на текстилни работнички за формирање на текстилната задруга, преку сесии за оперативен менаџмент, унапредување на човечките ресурси, тим билдинг, како и разработка на техничките капацети, заедно со Весна Кардалевска, Никола Булески и Ивана Вучкова. За време на работилницата беа презентирани и прототиповите од ZEN Futurus, од страна на Гере Трипков и Љубиша Савески.

Обуките ќе им овозможат на текстилните работнички да се стекнат со вештини кои одговараат на трендовите на пазарот на трудот и потребите на потрошувачите, а во исто време ќе ги гарантираат социјалните и еколошките стандарди кои ќе овозможат одржлив развој. 🌱

Со стекнување на такви вештини, работничките ќе ги зајакнат сопствените капацитети да придонесат за поголема додадена вредност на нивните производи, висока одржливост на текстилната задруга и производните циклуси, што е предуслов за економски раст на задругата и економското зајакнување на самите работнички.

Kvinna till Kvinna

Embassy of Sweden in Skopje

Blagojche Dishoski

Finance Coordinator

Related Post