Анализа на член 12 од Законот за работни односи

На самиот крај од годината, ја презентиравме анализата на член 12 од Законот за работни односи која ја изработивме во рамките на проектот „Организирани граѓани за организирана иднина“. Проектот е финансиран од Меѓународниот центар Олоф Палме и Шведска.

Анализата можете да ја превземете и погледнете тука.

Со изготвената анализа на член 12 од Законот за работните односи, укажуваме на теоретски и практични примери на кршење на работнички права имплементирани преку важечки одредби од закони и колективни договори. За илустрација преку прикажаниот пример во колективниот договор за органите на државната управа, се укажува на нееднаквости кои биле преговарани пред склучување на овој договор од страна на УПОЗ и Владата, а кои што нееднаквости парцијално се обидуваат да ги исправат денес со исплата на к-15 за 2020 година на оваа категорија на вработени и тоа само површински, а не суштински, на начин што член 21 ст 4 од овој колективен договор го оставаат во примена сеуште без притоа да го изменат или доуредат. На оваа околност произлегувајќи од изготвената анализа Гласен Tекстилец ќе поднесе иницијатива за уставност и законитост пред Уставниот суд, како и оваа категорија на вработени би биле еднакви пред уставот и законотите.

Blagojche Dishoski

Finance Coordinator

Related Post