ЈАВЕН ПОВИК за избор на експерт/ка за изработка на административен водич

Здружението „Гласен Текстилец“ од Штип, објавува повик за ангажирање на екперт/ка за изработка на административен водич.

Ангажманот е во рамки на проектот „Институционално и економско зајакнување на жените и девојките од источниот регион 2“. Проектот е финансиран од Фондацијата Kvinna till Kvinna и Шведска.

Административниот водич треба да биде документ за начинот на административното/финансиско и канцелариско работење. Водичот треба да ги содржи следните компоненти: правни акти, законски одредби, обрасци и документи за финансиско и административно работење, базична систематизација на работни места, согласно органограмот на Гласен Текстилец. Водичот ќе се изработува во тесна соработка со службениците за финансии и администрација во Гласен Текстилец, како и проектниот тим.

Детален јавен повик и анекси за аплицирање:

Двата анекси се поднесуваат електронски на glasentekstilec@gmail.com до 17 март 2023 година.

Гласен Текстилец го задржува правото за промена на временската рамка во рамките на повикот (по договор со избраниот/избраната експерт/ка) и ги известува избраниот кандидат/ка.

Blagojche Dishoski

Finance Coordinator

Related Post