На 02 ноември 2023 година, во просториите на Гласен Текстилец, се одржа обука за обучување на 10 врснички едукатори за теми поврзани со законот за работни односи, дискриминација, меѓуврсничко насилство и мобинг.
Преку интерактивни работнилници учесниците од градовите на источниот регион (Штип, Кочани и Свети Николе) се запознаа со законот за работни односи (ЗРО), со поимот и видовите на дискриминација, со поимот мобинг, како и со многу важната тема меѓуврсничко насилство и негова превенција.
Во периодот што следи, обучените врснички едукатори, ќе го пренесат своето знаење на нивните соученици.
Материјали:
Работилниците се поддржани од Меѓународниот центар Олоф Палме и Шведска.