Тимот на Гласен Текстилец ја заврши интензивната тридневна обука за проектен циклус за надоградување на знаењата за подготовка на проектни апликации, наративно известување и финансиски менаџмент! ![]()
На денешната сесија, предводена од Гордана Несторовска добивме сознанија за тоа како да се подготвиме за ревизии и потребната суштинска документација.
А како за крај развивме нова метода за организациска стратегија преку техники за бреинсторминг. ![]()
Во текот на сесиите, го надградуваме нашето знаење за подготовка на проектна апликација, наративно известување и финансиско управување. ![]()
Ја завршуваме оваа обука опремени со нови искуства, вештини и спремни да го имплементираме она што го научивме! Воедно испраќаме голема благодарност до сите кои го овозможија реализирањето на обуката и придонесоа за взаемниот успех!![]()
![]()
![]()





Работилницата се реализира со поддршка од The European Endowment For Democracy.