Со задоволство Ви упатуваме покана да учествувате на тркалезната маса, организирана од Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“.
Тркалезната маса се организира во рамките на проектот „Институционално и економско зајакнување на жените и девојките од источниот регион 2“, финансиски поддржан од The Kvinna till Kvinna Foundation и Шведска.
Оваа тркалезна маса има за цел:
• Подигнување на свеста за родовата дискриминација во приватниот сектор;
• Поттикнување на дијалог и соработка меѓу клучните засегнати страни;
• Развивање на стратегии за подобрување на договорите за вработување и работните услови за жените.
Нашата цел е да создадеме платформа за значајни дискусии што ќе доведат до акциони решенија, поттикнувајќи средини кои даваат приоритет на благосостојбата на жените работнички. Сметаме дека со ангажирање на жени претприемачи, претставници од Министерството за труд, Комисијата за заштита и спречување на дискриминација и Државниот инспекторат за труд, можеме да работиме на искоренување на дискриминаторските практики и промовирање на родовата еднаквост на работното место.
Со нетрпение го очекуваме Вашето присуство!
Потврда за Вашето присуство се испраќа на: kristina.nedkova@glasentekstilec.mk или телефонски на: 075 316 109 во периодот од 09:00 до 16:00 часот.
