Во рамките на проектот „Преку женски активизам и иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“, споведуван од Здружението за заштита на работничките права Гласен Текстилец, Здружение ЕХО едукативно-хуманитарна организација Штип и Здружение Иницијатива на невработени интелектуалци Виница го ојбавуваме Јавниот повик за избор на еден/а експерт/ка за изработка на кратка Анализа за потребите на жените и девојките од Источен регион, односно за проценка на локалните потреби и проблеми на жените и девојките во надлежност на општините.
Повикот е достапен на линкот:
Дополнителни информации и прашања:
Дополнителни информации во врска со Јавниот повик можете да добиете на електронската адреса: gbproject@glasentekstilec.mk. Дополнителни информации се добиваат до 15 септември 2024 година.
Дополнителни информации во врска со Буџетот можете да добиете на електронската адреса: blagojche.dishoski@glasentekstilec.mk. Дополнителни информации се добиваат до 15 септември 2024 година.
Проектот „Преку женски активизам и граѓански иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“ е поддржан од Швајцарија преку Цивика мобилитас. Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија за поддршка на граѓанското општество во Северна Македонија, која ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска. Целта на програмата е општествените промени во Северна Македонија кои се водени од силен граѓански сектор, од активни граѓани и добра соработка со властите што резултира со проширен граѓански простор, поодржливи граѓански организации и потранспарентно, отчетно и општествено инклузивно владеење на централно и локално ниво. Мислењата кои се изразени овде не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.