ЕЛЕКТРОНСКА АДРЕСА

Info@glasentekstilec.mk

ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ

075316107

АДРЕСА

Сутјеска 59, Штип

[Завршен повик] ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА EКСПЕРТСКИ ТИМ/ПРАВНО ЛИЦЕ ЗА ИЗРАБОТКА НА ВИДЕО КАМПАЊА

Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“- Штип, објавува Јавен повик за изработка видео кампања која ќе биде дел од проектот „Институционално и економско зајакнување на жените и девојките од источниот регион 3“, којшто го имплементира здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“. Проектот е финансиран од The Kvinna till Kvinna Foundation и Шведска.

Првиот дел од проектот „Институционално и економско зајакнување на жените и девојките од источниот регион 3“, се имплементира во периодот од 1 април 2025 до 31 декември 2025 година од страна на Гласен текстилец.

Главните цели на проектот ќе придонесат кон:

  • Зголемена свест кај јавноста за работничките права и економската улога на жените работнички;
  • Подобрена видливост на организацијата „Гласен Текстилец“ во локалната и пошироката заедница;
  • Подготвени и дистрибуирани квалитетни визуелни и едукативно-информативни материјали (онлајн и печатени);
  • Зголемена вклученост на младите волонтери во активности за промоција на работничките права и родова еднаквост.

Максимално времетраење на едно видео е потребно да изнесува околу 60 секунди во целосна HD резолуција, погодна за споделување на социјални медиуми и телевизиска промоција. Ангажманот ќе вклучува тесна соработка со проектниот тим.

  • Разработка на креативен и идеен концепт за снимање на видео – во соработка со тимот на „Гласен Текстилец“ и останатите ангажирани;
  • Монтирање и постпродукција на снимениот/креираниот материјал;
  • Промоција на видеото на 1 регионална телевизија (доколку се пријавувате како физичко лице, потребно е да го имате во предвид тоа, бидејќи ќе влијае на цената или понатаму да договорите видео реклама);
  • Комуникација со проектниот тим.
  • Кандидатите на овој повик можат да се пријават како тим (физички, правни лица или комбинација) составен од новинар/ка, видео едитор, снимател или слично, во зависност од потребата, и телевизиска куќа на регионално ниво;
  • Искуство во подготовка (претходно спроведени слични активности) видеа;
  • Како предност ќе се смета искуство во претходна подготовка на видеа во секторот на човекови права/дискриминација и мобинг;
  • Се избира комплетно ефективната, ефикасната и економична понуда.

„Гласен Текстилец“, надоместокот го исплаќа по завршувањето на целокупниот ангажман и доставување на готовиот производ. Плаќањето може да се изврши со Договор на дело или фактура.

Сите трошоци произлезени од ангажманот (како патни трошоци), организацијата ги исплаќа со претходно признавање од проектниот тим.

  • Отпочнување на координација со проектниот тим на Гласен Текстилец од 08.09.2025;
  • Доставување на пред финален производ до 25.10.2025;
  • Доставување на финален производ со вклучени сугестии од проектниот тим и донаторите до 02.11.2025.

Видео материјалот кој ќе произлези од ангажманот ќе остани во сопственост на „Гласен Текстилец“.

Апликациите се доставуваат до 01 септември 2025 година.

Сите заинтересирани кандидати/тки треба ги пополнат деловите од формата, а тие се:

  • Кратка биографија (посебно за секој учесник во тимот);
  • Методи на работа;
  • Временска рамка;
  • и финансиски план/буџет (задолжително да се користи предвидениот образец – Анекс 2 и да се прикачи соодветно на формата).

    Некомплетните документи нема да се разгледуваат!

    Дополнителни прашања можете да добиете на истоимената електронска адреса: administration@glasentekstilec.mk

    Дополнителни документи (се потпишуваат само со избраните кандидати/ки):

    Проектот е финансиски поддржан од Фондацијата Kvinna till Kvinna и Шведска. Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Гласен Текстилец – Штип и не ги одразува ставовите на Kvinna till Kvinna и Шведска.

    Scroll to Top