До: Сите заинтересирани страни
Почитувани,
Здружението за заштита на работничките права „Гласен текстилец“, во партнерство со Здружението ЕХО едукативно-хуманитарна организација Штип и Здружението Иницијатива на невработени интелектуалци Виница, во рамките на проектот „Преку женски активизам и иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“ финансиски поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, има потреба од прибирање на понуди за печатење на промотивен материјал.
Вашата понуда треба да се достави електронски на следната електронска адреса: blagojche.dishoski@glasentekstilec.mk, најдоцна до 05 септември 2025 година.
Потребни материјали:
| Рб | Назив на продукт | Количина | Единечна цена без ДДВ | Вкупна цена без ДДВ |
| 1 | Торбички од еколошки материјал | 200 | поставете цена | поставете цена |
| 2 | Пенкала од еколошки материјал | 300 | поставете цена | поставете цена |
| 3 | Нотеси од еколошки материјал | 180 | поставете цена | поставете цена |
| 4 | Bookmarks од еколошки материјал | 600 | поставете цена | поставете цена |
Понудата може да содржи повеќе видови од горенаведениот производ со различен еколошки квалитет и цена.
НАПОМЕНА: Цените на производите да бидат изразени во македонски денари без ДДВ.
Лице за контакт: Благојче Дишоски, 075316108 или blagojche.dishoski@glasentekstilec.mk. Секој работен ден во периодот од 13 до 15 часот.
Со почит,
Тимот на проектот „Преку женски активизам и иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“
Проектот „Преку женски активизам и граѓански иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“ е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас. Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија за поддршка на граѓанското општество во Северна Македонија, која ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска. Целта на програмата е општествените промени во Северна Македонија кои се водени од силен граѓански сектор, од активни граѓани и добра соработка со властите што резултира со проширен граѓански простор, поодржливи граѓански организации и потранспарентно, отчетно и општествено инклузивно владеење на централно и локално ниво. Мислењата кои се изразени овде не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.
