ЕЛЕКТРОНСКА АДРЕСА

Info@glasentekstilec.mk

ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ

075316107

АДРЕСА

Сутјеска 59, Штип

Утре започнува деветтата „Текстилијада“ во Штип

Гласен Текстилец со гордост најавува дека на 3 и 4 октомври 2025 година, во Штип ќе се одржи деветтата по ред „Текстилијада“ – настан кој веќе одамна не е само симбол за текстилната индустрија, туку и симбол за борбата за достоинство, еднаквост и фер услови за работниците.

„Текстилијада“ е традиционален собир кој ги поврзува работниците, синдикатите, бизнисот, институциите и граѓанските организации со цел заеднички да разговараат за предизвиците и можностите во приватниот сектор, особено во текстилната индустрија – гранка што со децении ги храни семејствата во Штип и Источниот регион.

10:30 – Интернационален форум „Модернизација на приватниот сектор: Одржлив раст, социјален дијалог и регионален развој“ (Хотел „Оаза“);

13:30 – Регионална конференција „Родово одговорно буџетирање во Источниот регион“ (Хотел „Оаза“);

18:00 – Литературен конкурс „Мојот свет без корупција“ (Библиотека „Гоце Делчев“);

19:00 – Визуелна изложба „Градот што шиеше историја“ (Мултимедијален центар „Киро Глигоров“).

11:00 – Дебата „Синдикален плурализам – Правни и институционални предизвици за независно претставување“ (Хотел „Оаза“);

14:00 – Национална конференција „Од маргините до центарот: Економски права на жените во приватниот сектор“ (Хотел „Оаза“);

15:00 – Промоција на весникот „Текстилец“ (Централна градска област);

18:00 – Претстава „Ова не е театар, ова е вистина“ (Народен театар – Штип);

19:00 – Изложба на стрип „Супер синдикалка“ (Културно-уметнички центар Текстил);

21:00 – Јавна завршна изјава „Гласови од Истокот: Нашата посветеност на достоинство, дијалог и промена“.

Настанот ќе го отворат градоначалникот на Штип и заменик-министерот за труд и економија, а преку видео порака ќе се обрати и градоначалникот на Борос, Шведска – партнер-град со кој се разменуваат искуства и добри практики во индустријата.

Со својата програма, „Текстилијада 9“ повторно ќе покаже дека гласот на Истокот, гласот на работниците и гласот на граѓаните мора да биде слушнат – и дека достоинството на трудот е темел за секој одржлив развој.

📧 glasentekstilec@gmail.com
☎️ 078 312 365

Scroll to Top